Црногорците запишаа важен триумф, Шпанија остана перфектна по четири кола

Црна Гора ја оправда фаворитската улога против Казахстан (19-12) и остана во игра за четвртфиналната фаза на турнирот во Токио.

Поранешниот европски првак одигра ефикасно во сите четвртини. Казахстанците беа рамноправни само во третиот период, кога се изборија за 3-3. Но, тоа не беше доволно за да се избегне нов пораз кој значи крај на надежите за пласман во нокаут фазата.

Репрезентацијата на Шпанија остана единствената непоразена екипа по првите четири натпревари. Денес шпанските ватерполисти ја декласираа Австралија (5-16).

Златниот медал од Рио Де Жанеиро го брани репрезентацијата на Србија, која денес игра дерби дуел со соседот Хрватска.