• Сашо Поповски

Црногорските ватерполисти заработија разочарувачка елиминација на Светското првенство откако во осминафиналниот дуел загубија од Австралија по изведувањето на пенали 11-13 (1-3, 3-2, 4-2, 1-2, 2-4 по пенали).
Регуларниот дел заврши со резултат 9-9, па петерците го одлучија патникот во четвртфиналната фаза. Млаѓан Јановиќ беше трагичар кај Црногорците кој ја погоди стативата и го најави поразот на својата репрезентација. Сега, Црна Гора ќе разигрува за пласман од деветтата до 16-тата позиција.
Пласман во следната фаза обезбеди Грција, која со 11-9 (3-4, 3-2, 2-2, 3-1) ја победи селекцијата на САД. Одлуката за победникот падна во последниот квартал, кој Грците го добија со два разлика и закажаа дуел со Италија.
Останатите осминафинални натпревари се играат во текот на денешниот ден.