• Зоран Мишевски
Црногорските ватерполисти а победија Малта со резултат 21-12 (6-5, 5-0, 5-4, 5-3) во првото коло од групата А на Европското првенство во Белград. Црна Гора триумфално го започна натпреварувањето и лесно прокнижи први бодови.
Најефикасен играч во победничкиот табор беше Страхиња Гојковиќ со четири гола, додека Владан Спаиќ и Душан Матковиќ постигнаа по три. За Малта се истакнаа Стеви Камилери со четири и Метју Замит со три гола.
Претходно во натпреварот од групата А, Унгарија ја победи Франција со 15-7. Во најубедливиот натпревар од првиот ден од Европското првенство, Израел убедливо загуби од Шпанија со 28-3,