Црна Гора преку Хрватска во четвртфиналето на СП, победи и за САД и Франција

Ватерполистите на Црна Гора го добија дербито во осминафиналето на Светското првенство во Фукуока против Хрватска со 13-12. По четвртини резултатот беше 2-3, 3-0, 5-4, 4-4, па во драмата подобри беа Црногорците и обезбедија место меѓу осумте најдобри. 

До победата својата репрезентација со по четири гола ја водеа Радовиќ и Матковиќ, а исто толку даде и Мариниќ Крагиќ од Хрватска. Во четвртфиналето Црна Гора оди на мегдан со Грција, а со овој триумф си обезбеди виза за следното Светско првенство во Доха. 

Претходно место меѓу осумте најдобри обезбедија САД со победата над Канада (13-10), како и Франција во дуелот со Австралија (11-8). За последното место во четвртфиналето се бори Србија против домаќинот Јапонија.