• Саше Љолес
Репрезентацијата на Италија славеше триумф над Црна Гора (11-9) на Олимписките игри во Париз, откако беше поуспешна во пенал серијата. Двете селекции одиграа тврд и неизвесен натпревар кој во регуларното време заврши со конечни 8-8, но „аѕурите“ потоа успеаја да ја остварат целта и го потврдија учеството во четвртфиналето.
Црногорците долго се одржуваа во игра, прикажаа солиден пристап и беа близу до прв триумф во групата А, но Италијанците беа поумешни во пенал-рулетот и сега се на делба на првото место, заедно со селекцијата на Грција.
Токму овие две селекции ќе го решат победникот во оваа конкуренција. Следува четвртото коло на трети август, а дербито меѓу Италија и нашиот јужен сосед е закажано за два дена подоцна.
Победа извојува и селекцијата на Австралија, која запиша минимален триумф против Франција со конечни 9-8. За „кенгурите“ ова беше втор позитивен резултат во низа и сега имаат големи шанси за прогрес меѓу осумте најдобри, иако тоа ќе зависи и од останатите резултати во групата Б.