Црна Гора немоќна, Унгарија впиша значајна победа на шампионатот во Белград

Унгарската ватерполо репрезентација ја победи црногорската селекција со 13-10 (4-3, 4-1, 3-1, 2-5) во дуелот од второто коло од групата А на Европското првенство во Белград. Најефикасен ватерполист во унгарската репрезентација беше Даниел Анѓал со три гола, додека Герго Фекете и Петер Ковач постигнаа по два гола. Црногорската репрезентација ја предводеше Душан Матковиќ со три гола, а Аљоша Мачиќ постигна два.

Француската ватерполо репрезентација лесно ја победи Малта со резултат од 22-13. Унгарија е прва во групата А со шест бода, Црна Гора и Франција имаат по три, додека Малта е последна во групата без бодови.

Во последното коло од групата А, в четврток Унгарија ќе се сретне со Малта во 12:30 часот, а Црна Гора ќе игра со Франција во 18:00 часот. Репрезентациите што ќе обезбедат пласман во групата А ќе се вкрстат со групата Ц, во која се Шпанија, Холандија и Србија.