• Саше Љолес
Ватерполо селекцијата на Црна Гора немаше многу тешка задача против Канада во осминафиналето на Светското првенство и победи со убедливи 22-10, на тој начин обезбедувајќи пласман меѓу осумте најдобри.
Црногорците закажаа дуел со силната Шпанија, а на денешниот натпревар најдобар поединец беше Филип Гојковиќ со пет погодоцви. Еден помалку постигна Саво Четковиќ.
Селекторот Дејан Савиќ изрази големо задоволство од победата, но најави дека најсериозниот предизвик допрва следува.