Црна Гора ќе мора без капитенот: Никола Јановиќ завршува баш пред Олимпијада

Долгогодишниот капитен на црногорската репрезентација, Никола Јановиќ по европското првенство во Полска одлучи да ја заврши репрезенативната кариера.

Ова е големо изненадување бидејќи се очекуваше 36-годишниот ас, роден во Котор да ја предводи Црна Гора на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Со својата селекција, Јановиќ беше европски првак во Малага во 2008 година, четири години подоцна освои сребро во Ајндховен. Со Србија и Црна Гора исто така ги има најголемите одличја, европски првак во 2001 и светски во 2005 година. Во кариерата настапуваше за Бечеј, Црвена Звезда, Јадран, Посилипо и Југ.