Црна Гора ја декласира Србија на стартот од Светската лига

Црна Гора

Српската ватерполо репрезентација доживеа неочекуван дебакл на стартот од Светската лига.

Во првото коло од Групата А, српските „делфини“ загубија од Црна Гора 16-8 (3-3, 5-0, 3-3, 5-2). Клучен период за високата победа беше втората четвртина. До крајот Црногорците рутински си ја завршија работата и запишаа први бодови.

Марко Мрсиќ со шест постигнати погодоци беше први име на дербито на стартот од натпреварувањето.