Црна Гора избегна потоп на старт, Хрватска по пенали го доби „класикот“

Европското првенство (ЕП) во ватерполо стартува со неколку возбудливи натпревари. На програмата беа четири средби, а две од нив се решија по пенали.

Црна Гора беше на работ да доживее големо изненадување со Франција, но се спаси. Французите имаа предност од 8-10, но балканската селекција извлече реми (10-10), па го доби дуелот по пенали (20-19).

По пенали славеше и Хрватска во европскиот класик со Шпанија (14-12). Во последната четвртина се играше гол за гол, мечот заврши 9-9, а по пеналите поуспешни беа „баракудите“.

На останатите две средби Грција ја победи Унгарија (10-8), додека Италија беше убедлива против аутсајдерот Грузија (22-5).