• Саше Љолес
Ватерполо репрезентацијата на Црна Гора извојува важен триумф и со одлична игра славеше над Франција со конечни 18-13 (3-4, 6-3, 4-5, 5-1) во осминафиналето од квалификациите за Светскиот куп.
Црногорците започнаа бавно и имаа негатива по првиот период, но со одлична игра во втората и последната четвртина не им дозволија на „триколорите“ да го задржат моментумот и на крајот заслужено извојуваа убедлива победа. Во четвртфиналето противник на Црна Гора ќе ѝ биде селекцијата на Соединетите Американски Држави.
Најефикасни во победничкиот табор беа Саво Цветковиќ и Филип Гардашевиќ со по пет гола, а два помалку постигна Ѓуро Радовиќ.