• Зоран Мишевски

Ревијалниот ватерполо турнир кој се одржа по повод денот на nезависноста на Македонија го врати стариот сјај на охридското пристаниште. Во минатото сите главни настани од водените спортови беа организирани на пристаништето и проследувани од илјадници гледачи. Поради моменталната ситуација со вирусот ковид -19 присуство на гледачи не беше дозволено, но луѓе застануваа и ги гледаа мајсториите на ватерполистите.
На ревијалниот турнир учествуваа ватерполисти од српскиот клуб Белградски сомови, скопските екипи Вардар и Бета и од домаќинот Охридски бранови. Организираторот организираше еден натпревар и во Пештани кој предизвика голем интерес кај сите жители или гости.
Ревијалниот турнир беше под покривителство на Општина Охрид.