• Зоран Мишевски
Ватерполистите на Локомотив од Софија се победници на турнирот во чест на денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември.
Овој турнир четврта година по ред се одржува под капата на ватерполо клубот Бета, а покрај домашната екипа настапија и бугарските екипи Лоомотив Софија, Црноморец и Лесковац од Србија.
Во финалето во „ВИП арената“ во Скопје, Бугарите беа подобри од нашите ватерполисти.