Будимпешта повторно ќе го организира завршниот турнир на ЛШ во ватерполо

Како и минатата година, така и оваа Будимпешта и отворениот базен, „Алфред Хајош“ ќе бидат органзиатори на завршниот турнир на шесте најдобри европски екипи во ватерполо Лигата на шампионите.

Оваа одлука ја потврди европската федерација за пливачки спортови ЛЕН на конгресот во Шкотска.

Екипите кои ќе се истакнат во групната фаза и во првата нокаут рунда ќе обезбедат директен пласман od 25 do 27 мај оваа година на турнирот на најдобрите.

Двете екипи со најдобар учинок по првата фаза ќе играат директно во полуфиналето, а останатите четири ќе се соочат во импровизирани четвртфинални средби.

Титулата од минатата сезона ја брани хрватскиот претставник Југ од Дубровник, кој во Будимпешта стана европски шампион.