Бразил се откажа од суперфиналето на Светската лига, Црна Гора негова замена

Завршницата на Светската лига во ватерполо наместо во Бразил ќе се игра во француски Стразбур од 22 до 27 јули. Покрај смената на организаторот, дојде до промена и во составот на репрезентациите, бидејќи Бразил го откажа учеството и профитираше црногорската ватерполо репрезентација. 

Бразилскиот национален тим се повлече од конкуренцијата на осумте најдобри селекции, а бидејќи Црногорците беа четврти во Подгорица на квалификацискиот турнир, добија можност да се борат за нов трофеј во ова натпреварување.

Црна Гора ќе игра во групата 1 со Србија, Шпанија и Австралија. Во групата 2 се Италија, Франција, Соединетите Американски Држави и Канада. Избраниците на Владимир Гојковиќ го бранат златото во Светската лига освоено лани во Тбилиси.