Бразил „потопен“, четвртфинале за Грција на Светското првенство во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Грција обезбеди учество во четвртфиналето на Светското првенство во Сингапур, совладувајќи ја во осминафиналето селекцијата на Бразил со убедливи 17-5 (2-0, 5-0, 4-4, 6-1). 

Кај нашиот јужен сосед најефикасни беа Константинос Јенидујинас и Аристедис Халивопулос со по три постигнати голови, а на спротивната страна два погодока постигна Педро Реал. 

Грција во четвртфиналето ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Италија, која директно се пласираше во оваа фаза како првопласирана во својата група.