„Бомба“ во регионот: Трофејниот Дејан Савиќ е нов селектор на Црна Гора!

Еден од најуспешните тренери во историјата, Дејан Савиќ, официјално ја презема ватерполо репрезентацијата на Црна Гора, јавија регионалните медиуми. 

Српскиот стручњак имаше огромен успех со нашиот северен сосед и освои два златни медали на Олимписките игири во Рио Де Жанерио и во Токио, а сега ќе го пренесе неговото искуство во соседната земја и ќе се обиде да ги подобри резултатите на Црна Гора. 

За Црногорците Савиќ ќе биде четврти селектор во историјата, по Петар Поробиќ, Ранко Петровиќ и Владимир Гојковиќ.

Новиот предводник важи за еден од најуспешните во историјата на овој спорт, па покрај златните медали од Олимписките игри, има три титули од Европските првенства и едно злато од Светското првенство. Со репрезентацијата на Србија освои вкупно 17 сјајни одличја во периодот помеѓу 2012 и 2022 година.