Бета и Куманово почнуваат нов процес за возобновување на ватерполото во Македонија

Спортот кој во минатото ни приредуваше пријатни мигови повторно е на сцена. За популаризацијата на еден од најатрактивните спортови, ватерполото, клубовите Бета и Куманово започнаа нов проект.

Имено, двата клуба вршат упис на нови членови во школите за ватерполо и пливање (деца од 7-15 години). Почнувајки од 1 септември започнаа пријавите на базенот во Карпош и СЦ „Борис Трајковски“.

Со овој чекор клубовите сакаат да го возобноват спортот кој во минатото ни донесе многу задоволства. Со активност на најмладите, може да започне нов процес со кој наскоро се очекуваат првите резултати.