Белград слави, Србија е нов ватерполо шампион на Европа! 

Ватерполо селекцијата на Србија е нов шампион на Европа. Во финалето на шампионатот, одигран во Белград, српските ватерполисти извојуваа голема победа над стариот познаник Унгарија со 10-7 и уште еднаш ја израдуваа нацијата со златен медал од европските базени. 

Иако српскиот тим влезе ослабен во натпреварот, без Милош Чук, неговото отсуство беше компензирано со неверојатната игра на Ѓорѓе Лукиќ, кој беше вистински лидер во тимот. Фантастичен кај српскиот тим беше и еден од најдобрите ватерполисти во светот, Душан Мандиќ, кој постигна четири гола, Никола Лукиќ стрелаше двапати, а Милан Глушац беше непремостлива пречка за Унгарците на голот. 

По третпат во овој век, две велесили, Србија и Унгарија, играа за тронот. „Делфините“ беа подобри двапати, а вечерва го направија тоа по третпат за титулата европски шампион!