Белград ќе биде домаќин на завршниот турнир во Светската лига во 2019 година

Србија

Светската пливачка федерација (ФИНА) одлучи Белград и Српскиот ватерполо сојуз да бидат домаќини на завршниот турнир на Светската лига во 2019 година. Истиот е закажан за периодот од 18 до 23 јуни.

„Ова е голема чест за нас и доказ за нашата одлична организација на претходните натпреварувања во надлежност на ФИНА.

Љубителите на ватерполото ќе имаат можност да гледаат осум врвни репрезентации, а победникот на турнирот ќе добие директен пласман на Олимписките игри. Тоа е главната цел на нашата репрезентација“ , рече претседателот на ВСС, Виктор Јелениќ.

Претходно, Ниш беше домаќин на Светската лига во 2010 година, кога Србија се избори за првото место.