Белград ќе биде домаќин на следното Европско првенство во ватерполо

Европската пливачка федерација официјално соопшти дека главниот град на Србија, Белград, ќе биде домаќин на следниот континентален собир кој ќе се одржи следната година. 

Белград ќе биде организатор на Европското првенство кое догодина ќе има и нов формат со 16 учесници кои ќе бидат поделени во четири групи од по четири тимови. Пласман во следната фаза ќе обезбедат трите најдобри селекции од секоја група (две нови групи од по шест тимови), што значи дека во вториот круг сите ќе одиграат уште три натпревари. 

Најдобрите селекции од втората фаза ќе се пласираат во полуфиналето, додека останатите ќе разигруваат за конечен пласман помеѓу петтото и дванаесеттото место. Европското првенство во Белград ќе трае од 10 до 25 јануари 2026 година.