• Зоран Мишевски
Светското ватерполо ќе добие нов владетел, бидејќи Хрватска која славеше на Мундијалот во Будимпешта пред две години е симната од тронот. Откако ја совладаа Србија во четвртфиналето, шпанските ватерполисти приредија уште едно изненадување и ги победија и хрватските „баракуди“ во полуфиналето.
„Фуријата“ славеше со 6-5 (2-1, 2-1, 2-0, 0-3) извојува историска победа и по една деценија ќе се бори за светското злато. Водени од Гарсија и Мунариз, Шпанците од почеток наметнаа силно темпо, играа подобро во одбрана, а само Маро Јоковиќ беше расположен кај Хрватите.
Противник на шпанската селекција во финалето ќе биде поуспешниот од вториот полуфинален пар меѓу Унгарија и Италија.
Во женското финале утре ќе се сретнат САД и Шпанија.