Балканско „Класико“ на СП, Грција против САД, домаќинот со Италија

Светското првенство (СП) во ватерполо во Будимпешта доаѓа во финалната фаза. Познати се сите четвртфинални дуели кои ќе се играат во базените во Унгарија.

Најинтересен беше осминафиналниот дуел меѓу Црна Гора и Јапонија кој заврши со минимален триумф на балканската селекција (10-9) извојуван во последниот период. Така, Црногорците договорија четвртфинале против Шпанија.

Хрватска беше убедлива против Грузија (13-7) и меѓу најдобрите осум ќе патува на дуел со Србија и на програмата ќе го имаме популарното ватерполо „Класико“ кое секогаш е спектакуларно.

Италијанците ја елиминираа Австралија (17-6) и ќе се соочат со домаќинот Унгарија. Соединетите Американски Држави беа повеќе од убедливи со изненадувањето Јужна Африка (24-2) и одат на мегдан со Грција.

Четвртфиналињата на Светското првенство во ватерполо ќе се играат на 29 јуни.