Балканско финале на ЕП во ватерполо: Црна Гора ќе бара злато против домаќинот

Унгарија ватерполо

Второто полуфинале на Европското првенство во ватерполо Србија, донесе интересен и неизвесен натпревар. Екипите на Унгарија и Црна Гора покажаа зошто се во врвот на светксото ватерполо. На крајот, Црна Гора победи со 8-5 (2-2, 2-1, 1-1, 3-1) и закажа балканско финале со домаќинот Србија.

Црногорците ја завршија работата во последната четвртина, кога Јановиќ погоди два пати за конечна победа. Ниту капитенот Варга, кој постигна три гола, не успеа да им помогне на Унгарците да стигнат до уште едно финале на европските натпреварувања. 

Претходно, Италија ја совлада Хрватска со 8-6 (6-1, 0-1, 2-1, 0-3), за да обезбеди натпревар за петтото место против репрезентацијата на Шпанија.