Балканските селекции сигурни на СП, само Хрватите директно во четвртфинале

Речиси сè е познато пред плеј-офот на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Сингапур. 

Италијанците не дозволија изненадување, напротив ја декласираа Јужна Америка со 28-4 и го обезбедија првото место во групата А. Србија ја оправда фаворитската улога и со 19-9 славеше против Романија и во осминафиналето оди на мегдан со Јапонија. 

Од балканските селекции во групата Д Хрватите си го обезбедија првото место со победа над Грција од 10-9. Во тесен меч Хрватска имаше повеќе нерви во завршницата и оди директно во четвртфинале. Победа за крај на групите забележа Црна Гора над Кина (13-8) и во следната рунда ќе игра со Канада.