Австралија го исфрли светскиот првак Хрватска од Светскиот Куп во ватерполо

Елиминацијата на светскиот првак Хрватска уште во четвртфиналето е единственото големо изненадување на завршницата на Светскиот Куп во ватерполо во Берлин. Унгарија, Австралија, Германија и Србија обезбедија место во полуфиналето овој викенд. 

Австралија, водена од новиот селектор Елвис Фатовиќ, ја победи Хрватска со 9-8, приредувајќи прворазредна сензација. Џо Кејс со три гола беше најдобар поединец на натпреварот. 

Србија ја надогра Јапонија со 12-7, а Унгарија ги победи САД со 10-8. Домаќинот Германија обезбеди полуфинале со победата над Јужноафриканската република со 24-5.