Атракција од гол на гол на шпанскиот голман, „баракудите“ избија на врвот

Шпанија ја забележа првата победа на Европското првенство (ЕП) во ватерполо на кое во рамки на втората рунда беше подобра од Црна Гора (14-12).

По поразот на пенали од Хрватите, Шпанците одговорија на предизвикот, иако се помачија. Најдобриот погодок го даде голманот Агире, кој реализира од гол на гол и овој погодок сигурно ќе конкурира за најдобар на шампионатот.

Хрватска изби на врвот со втората победа на ЕП, овој пат ја совлада Франција. Иако имаше проблеми со реализацијата, балканската селекција дојде до посакуваниот резултат. „Баракудите“ славеа со 12-7.

На останатите натпревари Италија успеа да слави над Грција (15-8), додека мечот меѓу Унгарија и Грузија заврши со очекувана победа на Унгарците (15-11).