• Зоран Мишевски

Женската ватерполо репрезентација на САД го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро, откако во финалето ја совлада Италија со 12-5.
Меги Стефенс со 17 гола е прв стрелец на турнирот, а Русија го освои бронзениот медал со победата од 7-6 по изведување на пенали, откако во регуларниот тек заврши 12-12.
Утре во машкото финале на турнирот ќе се сретнат Србија против Хрватска, која го брани трофејот од пред четири години во Лондон.