• Зоран Мишевски

Ватерполо репрезентацијата на САД е нов светски првак, откако во нерамноправно финале на базенот „Алфре Хајош“ ја победи Шпанија во финалето на Светското првенство во 13-6 (2-1, 3-2, 5-2, 3-1).
Американките од самиот старт беа подобар ривал, пливаа побрзо и подобро, а ја имаа и расположената Килеј Ношул, која со четири постигнати гола беше прво име на финалето. Покрај нејзиниот учинок, се истакнаа и Меделин Муселман со три гола. Кај поразената шпанска селекција Љакет постигна три, а Муњоз два гола.
Во мечот за третото место попладнево Русија ја совлада Канада со 11-9 (3-3, 4-2, 2-2, 2-2), Дариа Рижкова со три гола беше најдобар поединец на натпреварот.
Утре се играат машките натпревари за медали, Србија - Грција во дуелот за бронзен медал и домаќинот Унгарија против Хрватска во големото финале.