Американките ја изненадија Русија и визираа олимписко ватерполо финале

Женската ватерполо репрезентација на Соединетите Американски Држави е првиот финалист на турнирот во Токио. Американките се надминаа себеси си и во „Акватик центарот“ извојуваа победа против Русија со 15-11 (2-3, 4-4, 5-2, 4-2). 

Подобрата трета и четврта четвртина им донесе голем триумф и загарантиран медал на американските ватерполистки. Голманката Eшли Џонсон и Ракел Фатал доминираа во американскиот состав, а Надежда Глизина беше најдобра во рускиот состав.

Противникот во финалето, Американките ќе го добијат по одигрувањето на второто полуфинале меѓу Шпанија и Унгарија. Натпреварите за медал се играат в сабота претпладне.