ВИДЕО: Американците по пеналите ја „срушија“ Унгарија за сребро во ватерполо!

Ватерполистите на Соединетите Американски Држави го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во Париз. Избраниците на Дејан Удовичиќ ја победија Унгарија во мечот за третото место по подобро изведените пенали (3-0), откако регуларниот дел заврши со резултат 8-8 (3-2, 1-1, 2-2, 2-3).

Бен Халок беше најефикасен во селекцијата на Соединетите Американски Држави со два гола. Во унгарската репрезентација најдобри играчи беа Ѓерѓо Заланки и Денес Варга кои по двапати се запишаа во листата на стрелци.

Во пенал-серијата голманот на Американците, Адријан Вајнберг, ги запре ударите на унгарските ватерполисти Денес Варга и Пал Вигвари, додека Ѓерѓо Заланки ја погоди стативата. За селекцијата на Соединетите Американски Држави во пенал-рулетот прецизни беа Ханс Даубе, Макс Ирвинг и Алекс Бувен.

Следува главниот меч, борбата за златен медал меѓу Србија и Хрватска. Тој натпревар започнува во 14:00 часот.