Трансфери | Transferi

ПОН, 31 август 2026

14:38
Позајмица
Тотенхем Јувентус
Сар заминува на позајмица во Јуве

Фудбалскиот клуб Јувентус постигнал договор со Тотенхем за доведување на Папе Матар Сар, најпрво на позајмица, а потоа и со опција за трансфер, пренесуваат италијанските медиуми. Според италијанските медиуми, Тотенхем му дал зелено светло на сенегалскиот репрезентативец да отпатува во Италија, каде што треба да го комплетира трансферот во Јувентус.

Напредна фаза
14:10
Позајмица
Манчестер Сити Бенфика
Ечевери заминува на нова позајмица

Бенфика започна преговори со Манчестер Сити за позајмица на аргентинскиот крилен напаѓач Клаудио Ечевери. Популарниот Диаблито минатата сезона ја помина на позајмица во Леверкузен и Џирона.

Напредна фаза
13:41
87.000.000 €
Кристал Палас Ливерпул
Палас ја постави границата за Сар

Ќе гори на „Енфилд“ на крајот од преодниот рок. Откако Кристал Палас одби понуда од 50 милиони фунти за Исмаил Сар, поставија граница од 75 милиони фунти! Во превод, 87 милиони евра. Сега на ред е Ливерпул.

Понуда
13:18
13.000.000 €
Викинг Вест Хем
Вест Хем купи офанзивец од Викинг

Вест Хем продаде добар дел од тимот од минатата сезона, па затоа е време да се инвестира во засилувања. За 13.000.000 евра, норвешкиот крилен напаѓач Едвин Еустбјо е купен од Викинг.

Финализиран
12:51
Рома Челзи
Коне е замената за Енцо во Челзи?

Челзи сигурно ќе активира уште една трансфер бомба во средниот ред. По Ламино Камара од Монако, сега го префрлија фокусот на Ману Коне од Рома, чија цена е околу 60.000.000 евра. Секако, сето ова ако Енцо Фернандез оди во Манчестер Сити.

Шпекулација
12:31
3.000.000 €
Расинг Сантандер Реал Мадрид
Реал купи талент од Расинг Сантандер

Младиот играч од средниот ред Серхио Мартинез (19) се пресели од Расинг Сантандер во Реал Мадрид за 3.000.000 евра и веднаш беше префрлен во резервниот тим на Реал, Кастиљо, каде што ќе стекне искуство и ќе собира време за игра.

Финализиран
12:01
Манчестер Јунајтед Борусија Дортмунд
Дортмунд го враќа Санчо по повредата на Константелијас

Борусија Дортмунд мора да реагира по тешката повреда на Јанис Константелијас, кој ќе биде надвор од терените неколку месеци поради скинати предни вкрстени лигаменти.

Според информациите од Германија, „милионерите“ веќе стапиле во контакт со луѓето околу Џејдон Санчо, кој би можел по третпат да го облече дресот на Дортмунд.

Санчо во првиот мандат од 2017 до 2021 година блескаше во Германија, а во 2024 година повторно се врати на шестмесечна позајмица и стигна до финалето во Лигата на шампионите. По неуспешните епизоди во Манчестер Јунајтед и Челзи, моментално е без клуб.

Шпекулација
11:38
Њукасл Јунајтед Нотингем Форест
Џејкоб Марфи пред потпис со Нотингем Форест

Нотингем Форест интензивно работи на трансфер за ангажирање на крилниот фудбалер на Њукасл Јунајтед, Џејкоб Марфи, пред самиот крај на летниот преоден рок. Според информациите од релевантните спортски медиуми, клубовите во моментов преговараат за финализирање на договорот.

Преговори
11:12
Позајмица
Нотингем Форест Милан
Хачисон на позајмица во Милан, Форест ќе добие четири милиони евра

Англискиот крилен напаѓач Омари Хачисон веќе ги заврши медицинските прегледи во клиниката „Ла Мадонина“ во Милано. По прегледите, тој го потпиша договорот со кој официјално стана нов фудбалер на Милан. Хачисон пристигнува од Нотингем Форест на едногодишна позајмица, која чини четири милиони евра.

Финализиран
11:06
Позајмица
Тотенхем Келн
Мур се сели во Келн

Младиот крилен напаѓач на Тотенхем, Мики Мур, се сели во Келн на едногодишна позајмица. Германците нема да имаат опција за откуп.

Финализиран
10:48
Лион во Ремс ја пронајде замената за Фофана; Доаѓа Јапонецот Накамура

Францускиот клуб Лион испрати официјално барање до Ремс за ангажман на јапонското лево крило Кеито Накамура. Олимпик Лион го планира 26-годишниот Накамура како примарна цел и директна замена во случај на заминување на нивната млада ѕвезда Малик Фофана.

Преговори
10:24
6.500.000 €
Штутгарт Удинезе
Удинезе го доведе Лазар Јовановиќ од Штутгарт

Италијанскиот клуб Удинезе постигна целосен договор за трансфер на 19-годишниот српски крилен фудбалер Лазар Јовановиќ од германскиот бундеслигаш Штутгарт. зделката е веќе финализирана за фиксни 6,5 милиони евра веднаш, плус дополнителни 1,5 милиони евра преку бонуси поврзани со неговите настапи.

Финализиран
10:02
Депортиво А Коруња Бохум
Чарли Патино пред позајмица од Депор во Бохум

Чарли Патино е пред заминување од Депортиво Ла Коруња и премин во германскиот клуб Бохум на позајмица. Принцип на договор за позајмица меѓу Депортиво и Бохум е веќе постигнат. Фудбалерот патува за Германија и ќе бара повеќе минутажа и играчка континуитет што не ги доби во Галиција.

Напредна фаза
9:53
2.500.000 €
Манчестер Јунајтед Јувентус
Јуве испрати понуда за Зиркзе

Јувентус му достави понуда на Манчестер Јунајтед за Џошуа Зиркзе. „Старата дама“ нуди 2,5 милиони евра за Холанѓанецот на позајмица плус опција за откуп за 30 милиони евра.

Понуда
9:38
Позајмица
Аталанта Рома
Рома го претстави Мартин Де Рон

Италијанскиот фудбалски клуб Рома официјално го претстави искусниот холандски играч за врска Мартен де Рон како свој нов фудбалер. Де Рон пристигнува со постојан трансфер од редовите на Аталанта, каде помина десет години и стана рекордер по бројот на настапи во клупската историја (445 натпревари).

Финализиран
9:11
Позајмица
Милан Порто
Мексиканецот Хименез го замени Милан со Порто

Мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименез се пресели во Порто како позајмен играч од Милан. Двата клуба постигнаа целосен договор за трансферот. Мексиканскиот репрезентативец заминува на бесплатна позајмица до крајот на сезоната. Порто има опција да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Финализиран
8:28
Јувентус
Јуве се предомисли, Нико Гонзалез ќе остане во Торино

Јувентус официјално донесе одлука да го задржи Нико Гонзалез и му соопшти на фудбалерот дека тој нема да го напушти клубот во овој трансфер период. Иако во текот на целото лето се преговараше за негов трансфер (најмножу со Атлетико Мадрид), Гонзалез влезе од клупата на натпреварот против Парма и одигра феноменални 33 минути. Тој го постигна првиот гол по одбиената топка од дирекот, а потоа изврши притисок кој доведе до вториот гол на Тен Копмејнерс за победа од 2-0.

Финализиран

НЕД, 30 август 2026

23:31
Башкими
Алими ја заврши кариерата, матичниот клуб господски го испрати

Искусниот македонски фудбалер Арменд Алими официјално стави крај на својата богата професионална кариера на 38-годишна возраст, а неговиот матичен клуб Башкими од Куманово му приреди свечено и емотивно збогување. Алими одлучи да ги закачи копачките на клин токму таму каде што ја започна својата фудбалска приказна. Пред почетокот на натпреварот со Шкендија Арачиново, раководството на кумановскиот прволигаш му врачи симболичен подарок — врамен дрес како благодарност за сè што стори за клубот.

Своите први професионални чекори Алими ги направи во Башкими (2005–2007), а во истиот клуб се врати за да ја одигра последната сезона и да му помогне на тимот во македонската елита. Во минатиот шампионат одигра клучна улога како капитен, забележувајќи 27 настапи во Првата македонска фудбалска лига и помагајќи му на тимот да ги оствари своите цели. Најголемата трага ја остави во Шкендија Тетово, каде помина седум години и освои три шампионски титули во ПМФЛ и два трофеи во Купот на Македонија..Алими настапуваше и за хрватска Истра, шведски Оребро, како и за кипарските тимови Неа Саламис и Ермис. Во Македонија го носеше и дресот на Милано, Работнички и Беса 1976.

Финализиран
23:09
38.000.000 €
Милан Галатасарај
Леао претставен во Истанбул, го доби дресот со број 27

Рафаел Леао е член на турскиот гигант Галатасарај. Португалскиот интернационалец ги напушти „росонерите“ по седум сезони. Турците ќе платат фиксна сума од 38 милиони евра, без бонуси, а Милан ќе задржи 20% од правата за продажба на играчот во иднина.

Леао ќе има нето плата од десет милиони евра по сезона без бонуси. Напаѓачот ќе го носи дресот со бројот 27.

Финализиран
22:52
60.000.000 €
Астон Вила Ал-Хилал Ријад
Ал-Хилал го претстави Оле Воткинс

Оле Воткинс официјално е нов фудбалер на Ал-Хилал. Англискиот репрезентативец го комплетираше својот трансфер од Астон Вила во Саудиска Арабија. Ал-Хилал за неговите услуги плати околу 51 милион фунти (околу 60 милиони евра).

Финализиран
22:31
Ал-Хилал Ријад
Бензема има две понуди, во опција доаѓа и крај на кариерата?

Ал-Хилал и Карим Бензема постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката, Во моментов, за 38-годишниот освојувач на „Златната топка“ остануваат само две реални сценарија: пензионирање од професионалниот фудбал или трансфер во друг саудиски клуб, при што интерес веќе покажуваат Ал-Шабаб и неговиот поранешен клуб Ал-Итихад.

Шпекулација
22:19
Ривер Плејт Фламенго
Фламенго го купува најголемиот талент на Ривер?

Фламенго е во напредни преговори за трансфер на Хоаким Фреитас, 19-годишниот аргентински напаѓач кој моментално настапува за Ривер Плејт. Според информациите од спортските медиуми, младиот фудбалер веќе побарал од раководството на аргентинскиот клуб да му дозволи да се пресели во Бразил.

Преговори
21:52
20.000.000 €
Феенорд Лил
Лил и Феенорд се договорија за Јапонецот Уеда

Јапонскиот напаѓач Ајасе Уеда се договори со Лил и го комплетира својот трансфер од редовите на Феенорд во францускиот клуб. Лил ќе му исплати на Феенорд сума од најмалку 20 милиони евра за услугите на 28-годишниот стрелец. Договорот е целосно постигнат и на клупско и на клупско-играчко ниво. Францускиот клуб итно бараше нов напаѓач по сериозната повреда на лигаментите на Хамза Игамане и поради претстојниот 40-ти роденден на ветеранот Оливие Жиру. Лил обезбеди дополнителни финансиски средства по рекордниот трансфер на Ајуб Буади во Манчестер Сити за околу 100 милиони евра и го купи Уеда.

Напредна фаза
21:27
Зенит Рома
Рома и Зенит постигнаа договор за Луис Енрике, Бразилецот доаѓа на „Олимпико“

Рома активно преговара со Зенит за трансфер на бразилското крило Луиз Енрике. Двата клуба веќе постигнаа начелен договор околу финансиската отштета. Рома испрати понуда за позајмица од пет милиони евра со опција за откуп од 30 милиони евра следното лето.

Преговори
21:01
Генк Рајо Ваљекано
Рајо го враќа Муџаид Садик во Шпанија

Шпанскиот клуб Рајо Ваљекано е пред самиот крај на преговорите за потпис со централниот дефанзивец Муџаид Садик. Трансферот сè уште не е официјално објавен, но двата клуба се во напредни преговори и договорот е многу блиску до реализација. 26-годишниот дефанзивец, кој потекнува од младинската школа на Депортиво Ла Коруња, се враќа во својата татковина по пет години поминати во Белгија.

Напредна фаза
20:38
Вест Хем Олимпик Марсеј
Олимпик Марсеј го договори Тодибо на позајмица од Вест Хем

Олимпик Марсеј постигна договор со Вест Хем за заминувањето на Жан-Клер Тодибо на едногодишна позајмица во август 2026 година. Едногодишна позајмица со претходен договор за личните услови меѓу играчот и францускиот клуб е постигнатиот договор.

Напредна фаза
20:14
Сасуоло Јувентус
Јуве се распрашува за Бакола од Сасуоло

Јувентус работи на трансферот на францускиот талент Дарил Бакола од Сасуоло .Како што пренесуваат познатите фудбалски инсајдери „бјанконерите“ сакаат дополнително да го засилат средниот ред. Ова движење на пазарот доаѓа веднаш откако клубот ги договори и финалните детали за позајмицата на Папе Матар Сар од Тотенхем.

Шпекулација
19:52
Атлетико Мадрид
Алварез пак тренира со Атлетико, но уште сонува заминување

Хулијан Алварез повторно се приклучи на тренинзите на Атлетико Мадрид, но неговата иднина во клубот и понатаму е неизвесна. Аргентинскиот напаѓач во изминатите денови пропушти неколку тренинзи, како и натпреварот против Севиља, додека Барселона се обидува да го ангажира пред истекот на преодниот рок.

Алварез во неделата се врати на тренинзите со екипата во тренинг-центарот на Атлетико во Мајадахонда. Претходно имаше проблеми со здравјето, поради кои не учествуваше на три тренинзи кон крајот на минатата недела, а во петокот работеше индивидуално.

19:31
20.000.000 €
Нирнберг Вест Хем
Вест Хем нуди 20 милиони за најдобриот фудбалер на Нирнбрг, но германскиот клуб одби

Германскиот клуб Нирнберг ја одби официјалната понуда од Вест Хем од 20 милиони евра (вклучувајќи и бонуси) за напаѓачот Мохамед Али Зома. Информациите објавени од трансфер-експертите потврдуваат дека англискиот премиерлигаш има сериозен интерес за 22-годишниот фудбалер, но раководството на германскиот второлигаш инсистира да го задржи својот главен стрелец во овој преоден рок.

Понуда
19:04
Позајмица
Панатинаикос Ваљадолид
Пантовиќ пред позајмица од Панатинаикос во Ваљадолид

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Ваљадолид работи на ангажирање на српскиот офанзивец Милош Пантовиќ.Според информациите од шпанските медиуми преговорите се во напредна фаза. Трансферот се очекува да се реализира во форма на едногодишна позајмица од грчкиот клуб Панатинаикос, каде што 24-годишниот крилен напаѓач во моментов нема голема минутажа.

Напредна фаза
18:41
Ал-Хилал Ријад
Бензема раскина со Ал-Хилал

Ал-Хилал и Карим Бензема постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката, по што 38-годишниот француски напаѓач и освојувач на „Златната топка“ го напушта клубот по само неколку месеци поминати во Ријад. Според информациите од француските и регионалните медиуми, разделувањето е официјализирано со компензација за предвремен прекин на договорот која се проценува на околу 17 милиони евра.

Финализиран
18:14
65.000.000 €
Арсенал Ал-Хилал Ријад
Ал-Хилал пред потпис со Мартинели

Габриел Мартинели е пред трансфер во Ал-Хилал, откако Арсенал и саудискиот клуб постигнале договор вреден 65 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми. 25-годишниот Бразилец веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, а за него се подготвени и летот и медицинските прегледи во Ријад. Според договореното, Мартинели би требало да заработува околу 12 милиони долари нето по сезона.

Напредна фаза
17:50
Интер Парма
Парма преговара за враќање на Дармијан

Парма активно работи на враќање на искусниот дефанзивец Матео Дармијан во своите редови, откако тој стана слободен агент по завршувањето на неговиот договор со Интер. Италијанските фудбалски медиуми пренесуваат дека раководството на Парма веќе воспоставило сериозни контакти со неговите агенти за да ја договорат соработката.

Преговори
17:25
Фиорентина Лацио
Гудмунсон ја одби Болоња и сака само во Лацио

Исландскиот напаѓач Алберт Гудмундсон од Фиорентина е подготвен да ја напушти Фиренца во самиот финиш на преодниот рок, при што ја одби понудата на Болоња и даде апсолутен приоритет на Лацио. Информациите од познатите инсајдери за трансфери ги потврдуваат плановите на фудбалерот.

Преговори
16:54
80.000.000 €
Гремио Порто
Порто и Гремио преговараат за Габриел Кек

Младиот 18-годишен бразилски фудбалер Габриел Мек моментално е во центарот на вниманието поради потенцијалниот трансфер во португалскиот гигант Порто. Според спортските медиуми во Бразил, раководството на Порто веќе испратило официјална понуда вредна осум милиони евра до неговиот матичен клуб Гремио

Понуда
16:25
Феенорд
Иванушец преговара за раскин на договорот со Феенорд

Холандскиот клуб Феенорд и хрватскиот репрезентативец Лука Иванушец официјално започнаа преговори за спогодбен раскин на договорот, кој инаку има важност до средината на 2028 година. Холандските и хрватските медиуми пренесуваат дека 27-годишното крило повеќе не се наоѓа во плановите на новиот тренер Џовани ван Бронкхорст.

15:50
Ливерпул Нотингем Форест
Форест го бара Мамардашвили од Ливерпул

Нотингем Форест испрати официјално барање до Ливерпул за трансфер на грузискиот голман Гиорги Мамардашвили. Клубот од „Сити Граунд“ сака да ја искористи ситуацијата на 25-годишниот чувар на мрежата, кој сезонава е резерва на Алисон Бекер. 

Преговори
15:26
10.000.000 €
Арсенал Барселона
Хесус пред преселба во Барселона

Шокантни вести од Каталонија: Барселона е на еден чекор поблиску до потпишување на Габриел Жесус од Арсенал, пишува добро информираниот Фернандо Поло од Мундо Депортиво.

Напредна фаза
14:44
Позајмица
Олимпик Марсеј Рома
Рома го претстави Беларди, доаѓа на позајмица од Марсеј

Аргентинскиот дефанзивец Леонардо Балерди и официјално се пресели во Рома на позајмица од Олимпик Марсеј. Италијанскиот клуб го потврди трансферот, кој вклучува едногодишна позајмица вредна еден милион евра. Договорот содржи клаузула за дефинитивен откуп од околу 15 милиони евра. 

Финализиран
14:26
Арсенал Хамбургер
Хамбургер договори откуп на договорот на Виеира

Хамбургер е во напредни преговори со Арсенал за траен трансфер на португалскиот играч од средниот ред Фабио Виеира. По успешната позајмица на Виеира во германскиот клуб минатата сезона, Хамбургер цело лето се обидуваше да го договори неговото враќање. Иако првичните преговори беа заглавени поради висината на обесштетувањето (Арсенал бараше повеќе, додека Хамбургер нудеше околу 10 милиони евра), клубовите конечно постигнаа компромис пред крајот на трансферниот прозорец.

Напредна фаза
14:01
Аталанта Рома
Гасперини договор свој човек: Де Рон доаѓа во Рома

Холандскиот играч за врска Мартен де Рон е пред потпис со Рома, откако клубовите постигнаа целосен договор за негов трансфер од Аталанта. Италијанските медиуми ги потврдуваат клучните детали: Рома ќе исплати симболична сума од еден милион евра, што претставува џентлменски договор меѓу клубовите. Искусниот капитен на Аталанта лично побара да си замине од Бергамо за повторно да соработува со тренерот Џанпјеро Гасперини во Рим.

Напредна фаза
13:41
8.000.000 €
Барселона Реал Сосиедад
Реал Сосиедад го доби Форт, за Барса осум милиони евра!

Младиот десен бек Хектор Форт е нов фудбалер на Реал Сосиедад. Шпанскиот прволигаш официјално го потврди трансферот од Барселона, откако младиот дефанзивец одлучи да го прифати проектот на баскискиот клуб, и покрај силниот интерес и упорноста на Борусија Дортмунд. Потпишан е договор со важност до крајот на сезоната 2030/31, со фиксна отштета од 8 милиони евра (околу 6.85 милиони фунти) за 80% од правата на фудбалерот и повратна клаузула.

Финализиран
13:17
Лацио Леванте
Леванте го договори Србинот Ратков

Леванте е пред финализирање на трансферот на српскиот напаѓач Петар Ратков од Лацио. Шпанскиот клуб го презеде водството во трката пред Севиља и Тулуз. Според последните информации од Италија зделката е во завршна фаза.

Напредна фаза
12:54
Евертон Тотенхем
Тотенхем и Евертон договараат трампа

Тотенхем и Евертон се блиску до реализација на два одделни трансфери во финишот на летниот преоден рок. Илиман Ндијае треба да пристигне во Лондон, додека Ричарлисон ќе се врати во Евертон по четири години.

Напредна фаза
12:34
Лион Хал Сити
Малик Фофана ја одби понудата на Хал Сити

Белгискиот репрезентативец Малик Фофана, ја одби понудата да премине во Хал Сити. Иако англискиот премиерлигаш испрати официјална вербална понуда вредна 35 милиони евра до Олимпик Лион и одржа видео-повик со фудбалерот, крилниот напаѓач реши да ја одбие оваа опција. 21-годишниот Фофана сака да се приклучи на клуб со поголемо реноме и влијание на европската сцена. За него има сериозен интерес од неколку звучни тимови, вклучувајќи ја и италијанската Рома која веќе има личен договор со играчот, а неговите агенти во финишот на преодниот рок го понудиле и на Арсенал.

Шпекулација
12:11
Рома Фулам
Арбелоа го сака Суле во Фулам

Фулам е во преговори со Рома за трансфер на аргентинскиот крилен напаѓач Матијас Суле на „Крејвен Котиџ“. Фулам со недели активно работи на овој трансфер. 23-годишниот фудбалер е голема желба на премиерлигашот, чиј менаџер Алваро Арбелоа го има на својата кратка листа со засилувања. Суле е препознатлив по својата разновидност, бидејќи може да игра како десно крило, офанзивен играч за врска или напреден напаѓач.Клучни детали за преговорите:

Шпекулација
11:44
Рома Челзи
Челзи ја одби понудата на Рома за Гитенс

Челзи експресно ја одби официјалната понуда од Рома за позајмица на англискиот крилен фудбалер Џејми Бајно-Гитенс. Италијанскиот клуб достави предлог за позајмица вредна три милиони евра со опција за откуп од 40 милиони евра, но раководството на Челзи и менаџерот Чаби Алонсо јасно ставија до знаење дека Гитенс останува во нивните долгорочни планови за оваа сезона.

Понуда
11:21
Ајнтрахт Франкфурт
Хуго Ларсон ќе го замени Ајнтрахт со премиерлигаш

Шведскиот играч за врска Хуго Ларсон е на чекор да го напушти Ајнтрахт Франкфурт и кариерата да ја продолжи во англиската Премиер лига. Германскиот тим му даде официјална дозвола на 22-годишниот фудбалер да отпатува во Лондон за да ги финализира преговорите.

10:58
Астон Вила Челзи
Мартинез пристигна на „Стемфорд бриџ“

Челзи доби големо засилување меѓу стативите.Емилијано Мартинез и официјално е нов голман на лондонскиот клуб, откако трансферот од Астон Вила беше потврден. 

Аргентинскиот голман пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ за 7,5 милиони фунти, а според информациите потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Трансферот се реализираше во експресен рок, откако Челзи почна да бара решение за голманската позиција по грешките на Роберт Санчез на стартот од сезоната. Мартинез, пак, веќе извесно време беше на излезна врата од Астон Вила по пристигнувањето на Зион Сузуки. 

Напредна фаза
10:37
Ливерпул Манчестер Сити
Сити се вклучи во трката по Гакпо

Коди Гакпо донел одлука да го напушти Ливерпул, а желбата на холандскиот репрезентативец била јасна, следната дестинација да биде Манчестер Сити.

Според информациите, Гакпо веќе му порачал на раководството на Ливерпул дека сака трансфер на „Етихад“. Иако ниту во Сити нема да има загарантирана минутажа поради силната конкуренција, Холанѓанецот верува дека тоа е вистинскиот чекор за него.

Ливерпул наводно е подготвен да го пушти, но само за вистинската понуда. А таква би можела да пристигне од Манчестер Сити, 85 милиони фунти, односно околу 100 милиони евра!

Преговори