Трансфери | Transferi

НЕД, 9 август 2026

20:32
Позајмица
Милан Лион
Лион договори позајмица на бек од Милан

Лион ја договори позајмицата на Закари Атекаме од редовите на Милан. Францускиот тим ќе ја покрие целата плата на швајцарскиот фудбалер и делува дека само детали го делат од потпис.

Напредна фаза
20:05
Хетафе ПАОК
ПАОК пред потпис со Хоселу

Грчкиот клуб ПАОК активно ја разгледува можноста за ангажман на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Хоселу, откако фудбалерот беше официјално предложен на клубот како слободен агент. По заминувањето од катарскиот тим Ал-Гарафа, 36-годишниот голгетер бара нова средина, а солунскиот „црно-бел“ тим го анализира неговиот профил за засилување на офанзивната линија.

Напредна фаза
19:47
Фортуна Ситард Интернасионал
Ален Халиловиќ понуден на бразилски Интернасионал

Хрватскиот фудбалер Ален Халиловиќ е понуден на бразилскиот клуб Интернасионал. Бразилските медиуми пренесуваат дека 30-годишниот офанзивен играч за врска во моментов е слободен агент по раскинот на договорот со холандскиот клуб Фортуна Ситард, па неговите застапници започнале преговори со тимот од Порто Алегре.

Понуда
19:21
Порто Рома
Рома испрати понуда за Родриго Мора

Рома активно се обидува да го ангажира младиот талент Родриго Мора од Порто. Италијанскиот клуб веќе испрати официјална понуда до Португалците за да го обезбеди потписот на 19-годишниот офанзивен играч за врска.

Понуда
18:54
Ал-Хилал Ријад Трабзонспор
Дарвин Нуњез пред потпис со Трабзонспор

Трабзонспор постигна начелен договор за трансфер на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњеж од саудискиот клуб Ал-Хилал. Турскиот гигант, кој претходно го шокираше фудбалскиот свет со потписот на Мохамед Салах, е на чекор до реализација на уште една трансфер бомба за претстојната сезона.

Напредна фаза
18:31
Баерн Минхен Њукасл Јунајтед
Њукасл преговара со Баерн за Палиња

Њукасл Јунајтед сериозно го разгледува Жоао Палиња како опција за засилување во средниот ред. 31-годишниот португалски репрезентативец е на нивниот радар по заминувањето на клучните играчи Бруно Гимараеш и Сандро Тонали.

Преговори
18:14
Лион РБ Лајпциг
Малик Фофана е замената за Јан Диоманде во РБ Лајпциг

РБ Лајпциг го идентификуваше белгиското крило Малик Фофана како главна замена за Јан Диоманде, кој официјално направи рекорден трансфер во Реал Мадрид за сума која надминува 130 милиони евра. Германскиот клуб веднаш започна со плановите за пополнување на празнината во нападот и според медиумите како „Билд“, фудбалерот на Олимпик Лион е нивна примарна трансфер цел.

Шпекулација
17:50
Реал Мадрид
Ендрик сака во Премиер лигата

Мурињо не смета на Ендрик во Реал Мадрид, а играчот бара нова средина. Преферирана дестинација му е Премиер лигата во Англија.

Шпекулација
17:18
Ал-Наср донесе замена за Брозовиќ

Саудиски Ал-Наср доби зелено светло за трансфери од ФИФА и ја донесе замената за Марцело Брозовиќ. Тоа е Саму Кошта, кој чини 22.000.000 евра.

16:48
Глазгов Ренџерс Галатасарај
Ренџерс ја одби првата понуда за Чермити, од Турција спремаат нова

Шкотскиот клуб Ренџерс ја одби рекордната понуда од 22 милиони фунти од страна на турскиот гигант Галатасарај за португалскиот напаѓач Јусуф Чермити. Трансфер пазарот во моментов е во полн ек, а шкотските медиуми известуваат дека Ренџерс се подготвува за нов, уште поголем налет од Истанбул.

Понуда
16:19
Торино Рома
Рома подготвува понуда за Качамани од Торино

Италијанскиот фудбалер Алесио Качамани е главна тема на трансфер пазарот поради преговорите за негов трансфер од Торино во Рома. Римскиот клуб подготвува нова, повисока понуда за да го донесе младиот крилен фудбалер во главниот град.

Понуда
15:48
Севиља донесе напаѓач од Шведска

Севиља има нов напаѓач. Се вика Роби Уре, доаѓа од Сириус за 9,2 милиони евра.

15:26
Трабзонспор
Трабзон го спојува дуото од Ливерпул?

Некогашното дуо на Ливерпул, Мохамед Салах и Дарвин Нуњез, би можело да игра заедно во Трабзонспор. Турскиот клуб напредува во преговорите со Уругваецот.

Шпекулација
14:55
Баер Леверкузен Ипсвич Таун
Паласиос мета на премиерлигашите

Тешко дека Езекел Паласиос ќе остане во Баер Леверкузен. Го бараат од Премиер лигата, најкоректен е Ипсвич кој испрати понуда до бундеслигашот.

Шпекулација
14:24
Бешикташ
Влаховиќ и Бешикташ тргнаа сериозно

Србинот Душан Влаховиќ и Бешикташ започнаа конкретни преговори за трансфер. Црно-белите на напаѓачот му понудија 10 милиони евра по сезона, се водат преговори за потпис.

Преговори
13:58
Манчестер Јунајтед
Рашфорд на крајот може да остане на „Олд Трафорд“

Маркус Рашфорд се врати во тренинг кампот на Манчестер Јунајтед, откако ја комплетира позајмицата во Барселона и не беше откупен. Постоеше интерес од сите три страни за таков епилог, ама Англичанецот е назад во матичниот клуб. Рашфорд нема да разгледува опции за трансфер во Турција или Саудиска Арабија, па се зголемуваат шансите да остане на „Олд Трафорд“. Такво нешто би поддржал и тренерот Мајкл Керик.

13:13
9.200.000 €
Сириус Севиља
Севиља договори напаѓач од шведскиот фудбал

Севиља се договори со шведскиот тим Сириус за трансферот на Роби Уре. 22-годишниот шкотски напаѓач за 9,2 милиони евра се сели во Андалузија и таму ќе потпише договор до 2031 година. Шпанскиот клуб ја победи сериозната конкуренција за неговиот потпис.

Напредна фаза
12:24
40.000.000 €
Спортинг Нотингем Форест
Диоманде ќе допатува во Англија за потпис со Нотингем

Осман Диоманде ќе допатува во Англија во текот на денот и ќе го комплетира трансферот во Нотингем Форест. Се е договорено и Спортинг ќе добие околу 40 милиони евра за договорот на фудбалерот.

Напредна фаза
11:37
Бенфика Ленс
Фрањо Ивановиќ го избра Ленс пред Лацио

Фрањо Ивановиќ го одбра Ленс пред Лацио. Бенфика веќе изрази отвореност да го продаде и зделката се ближи до комплетирање.

Напредна фаза
10:54
Аталанта Каљари
Каљари го официјализираше трансферот на Даниел Малдини

Каљари и официјално го реализираше трансферот на Даниел Малдини, кој пристигнува од редовите на Аталанта. Според информациите објавени од италијанските медиуми, 24-годишниот офанзивен играч за врска веќе ги помина медицинските прегледи во Рим и потпиша за тимот од Сардинија.

Финализиран
10:23
Позајмица
Реал Мадрид Фиорентина
Реал и Фиорентина подеднакво ќе ја плаќаат платата на Мастантуоно

Реал Мадрид и Фиорентина се договорија подеднакво (50-50) да ја покриваат платата на младиот аргентински фудбалер Франко Мастантуоно за време на неговата едногодишна позајмица во Италија.

Финализиран
9:43
20.000.000 €
Феенорд Фенербахче
Фенер испрати понуда за Уеда до Феенорд

Фенербахче поднесе официјална понуда од над 20 милиони евра за ангажман на 27-годишниот јапонски напаѓач Ајасе Уеда. Турскиот гигант е сериозно заинтересиран за играчот на Феенорд, кој зад себе остави фантастична сезона постигнувајќи 25 голови во холандското првенство.

Понуда
9:11
Комо Атланта Јунајтед
Мората на прагот на МЛС лигата

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е мета на американскиот МЛС клуб Атланта Јунајтед, кој активно преговара и покажува сериозен интерес за негов трансфер. Мората, кој минатата сезона настапуваше за италијанскиот клуб Комо, веќе не се наоѓа во долгорочните планови на тренерот Цеск Фабрегас. Поради тоа, клубот е подготвен да го продаде ова лето.

Преговори
8:28
Олимпик Марсеј Ковентри Сити
Ковентри се интересира за Анхел Гомез

Ковентри Сити испрати официјално барање до Олимпик Марсеј за достапноста на англискиот репрезентативец Анхел Гомез. Новопромовираниот премиерлигаш, предводен од менаџерот Френк Лампард, активно бара засилувања за елитата и сака да ја искористи финансиската ситуација во Марсеј. Францускиот гигант се обидува да го намали буџетот за плати, поради што е подготвен да го продаде 25-годишниот играч за врска доколку пристигне соодветна понуда.

Шпекулација

САБ, 8 август 2026

22:52
Арсенал Реал Мадрид
Зубименди е „планот Б“ на Реал Мадрид

Мартин Зубименди е официјалниот „план Б“ на Реал Мадрид доколку клубот не успее да го реализира трансферот на Родри од Манчестер Сити. Раководството на „кралевите“ веќе подготвува стратегија за засилување на средниот ред, а играчот на Реал Сосиедад е висок приоритет на нивната листа.

Шпекулација
22:21
30.000.000 €
Локомотива Москва Галатасарај
Локомотив Москва ја постави цената за Алексеј Батраков

Рускиот фудбалски клуб Локомотив Москва бара фиксни 30 милиони евра за трансферот на својот талентиран 21-годишен играч од средниот ред, Алексеј Батраков. Турскиот гигант Галатасарај е најсериозниот кандидат за неговиот потпис. Претседателот на клубот, Дурсун Озбек, лично ги води преговорите бидејќи е воодушевен од квалитетите на младиот фудбалер.

Преговори
21:58
Комо Лос Анџелес Галакси
Нов ветеран во МЛС-лигата

Искусниот шпански играч за врска Серхи Роберто на 34 години оди во МЛС-лигата. Потпиша договор со ЛА Галакси, по истекот на договорот со Комо.

Финализиран
21:27
Парма
Јувентус се откажа од Пелегрино од Парма

Јувентус крена раце и се откажа од трансферот на Матео Пелегрино од Парма. Младиот напаѓач сега е мета на Фиорентина.

Шпекулација
20:56
НЕЦ Нијмеген ПСВ Ајндховен
Јапонец од НЕЦ ново име во ПСВ Ајндховен

Јапонецот Кодаи Сано е нов играч на ПСВ Ајндховен. 22-годишниот играч за врска доаѓа од НЕЦ Најменген за 14,5 милиони евра.

Финализиран
20:34
6.000.000 €
Наполи Фенербахче
Наполи го одби Фенербахче за Лукаку

Екипата на Наполи одби 6.000.000 евра од Фенербахче за Ромелу Лукаку. Италијанскиот тим бара најмалку десет милиони евра.

Преговори
20:14
Шахтјор Милан
Милан се распрашува за млад бразилски талент од Шахтјор

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 20-годишниот бразилски напаѓач Кауа Елиас, кој моментално настапува за украинскиот клуб Шахтјор Доњецк.Според последните спортски извештаи објавени во медиумите, трката за потписот на младиот голгетер брзо се вжештува.

Шпекулација
19:51
Њукасл Јунајтед Арсенал
Њукасл „ладно“ се збогува со капитенот

Начинот на кој Њукасл Јунајтед се збогуваше со Бруно Гимараеш предизвика големо внимание во Англија. Наместо емотивна порака за капитенот и еден од најважните играчи во новата ера на клубот, соопштението беше прилично „студено“ и најмногу се фокусираше на финансискиот аспект од трансферот.

Клубот истакна дека станува збор за една од десетте најголеми трансферни отштети во историјата за играч на 28 или повеќе години, како и за рекордна сума за фудбалер на таа возраст и позиција.

Финализиран
19:25
Барселона
Барса ќе му ја отвори вратата на Хектор Фонт

Хектор Форт може да замине од Барселона ова лето бидејќи тренерот Ханси Флик планира да му даде предност на други играчи, а клубот разгледува опции за негова позајмица или траен трансфер за да добие минутажа.

Финализиран
18:51
Нурединовски ќе води трикратен шампион на Јордан

Един Нурединоски има нов предизвик во кариерата. Нашиот фудбалски стратег потпиша договор со екипата на Ал-Рамтха од Јордан - трикратен шампион на оваа држава. 

Нурединоски влезе во тренерските води во 2020 година. Активната играчка кариера ја започна во Вардар, а заврши во Арис Лимасол. Покрај Вардар, го бранеше голот и на други македонски клубови, како Слога Југомагнат, Победа, Цементарница и Милано од Куманово. Исто така имаше и интернационална кариера настапувајќи за екипите на Етникос Ахна, Баку, Арис Лимасол и Ермис.

Финализиран
18:17
Хајмана Спор Кулубу e новиот клуб на Александра Марковска

Македонската репрезентативка и една од капитените на националниот тим, Александра Марковска, во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот клуб Хајмана Спор Кулубу.

Искусната фудбалерка од средниот ред и официјално потпиша договор со турскиот клуб за сезоната 2026/27, со што ќе започне нов предизвик во својата кариера по настапите за Љуботен и ќе биде дел од Суперлигата. Хајмана обезбеди место во елитата преку плеј-офот.

Финализиран
17:58
Манчестер Јунајтед
Санчо заминува во пензија на 26 години?

Џејдон Санчо некогаш важеше за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, а денес, на само 26 години, е без клуб и се поставуваат сериозни прашања за неговата иднина.

По одличните настапи во Борусија Дортмунд, каде што на 137 натпревари забележа дури 114 голови и асистенции, Манчестер јунајтед во 2021 година плати 73 милиони фунти за неговиот потпис. Наместо да стане една од новите ѕвезди на „Олд Трафорд“, Санчо влезе во серија проблеми кои целосно му ја променија кариерата.

Шпекулација
17:36
Позајмица
Брајтон Елче
Брајтон го отстапи Буананоте во Елче

Аргентинскиот фудбалер Факундо Буонаноте е нов играч на шпанскиот клуб Елче, каде што пристигна на едносезонска позајмица од премиерлигашот Брајтон. Двата клуба постигнаа целосен договор за позајмица до крајот на сезоната 2026/27, без опција за откуп на неговиот договор.

Финализиран
17:14
Атлетико Мадрид Ривер Плата
Договорен најскапиот трансфер во аргентинскиот фудбал

Трансферот на аргентинскиот фудбалер Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид во Ривер Плејт е официјално договорен за сума од 20 милиони евра. Со оваа сума, 25-годишниот офанзивен играч за врска станува најскапото засилување во историјата на клубот од Буенос Аирес.

Напредна фаза
16:51
Милан испрати понуда за Леандро Паредес

Италијанскиот гигант Милан поднесе конкретна понуда до Бока Јуниорс за ангажман на искусниот аргентински играч за врска Леандро Паредес. Според извештаите од угледни медиуми од Аргентина, клубот од „Сан Сиро“ веќе ги направил првите чекори за да го убеди 32-годишниот фудбалер да се врати во Серија А, само една година по неговото враќање во Јужна Америка.

Понуда
16:19
Чалханоглу е среќен во Интер

Хакан Чалханоглу не сака да си замине од Милано. Турчинот јавно изрази желба да остане во клубот и понатаму, откако изјави дека е „среќен и задоволен во Интер“.

15:48
Барселона ПСЖ
Завршни преговори за трансферот на Феран Торес во ПСЖ

Шпанскиот репрезентативец Феран Торес е пред трансфер во ПСЖ. Барселона и францускиот тим ги водат последните преговори и тие се во завршна фаза.

Напредна фаза
15:17
Лацио Динамо Москва
Лацио доби повик од Динамо Москва

Екипата на Лацио има понуда да го продаде Петар Ратков. Динамо Москва нуди 18 милиони евра, а чека одговор...

Понуда
14:51
Наполи Фенербахче
Фенербахче работи на трансферот на Лукаку

Фенербахче преговара со Ромелу Лукаку и неговите претставници. Белгиецот е пред заминување од Наполи, не е во клупските планови и сака средина каде што редовно ќе игра. 

Преговори
14:24
Милан
Бенасер ја заврши својата епизода во Милан

Исмаел Бенасер и официјално го напушти Милан. Клубот потврди дека соработката со 28-годишниот алжирски играч за врска е прекината преку спогодбен раскин на договорот, со што се стави крај на неговиот шестгодишен престој на „Сан Сиро“.

Финализиран
14:00
87.000.000 €
Њукасл Јунајтед Арсенал
ОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го промовира Бруно Гимараеш

Арсенал официјално го потврди ангажманот на Бруно Гимараеш, кој по четири и пол години во Њукасл ќе ја продолжи кариерата во Лондон. Бразилскиот репрезентативец потпиша долгорочен договор со „топџиите“ и веднаш ќе им се приклучи на новите соиграчи. Во Арсенал ќе го носи дресот со број 39, а за неговите услуги тимот од „Сент Џејмс Парк“ ќе инкасира повеќе од 87 милиони евра.

Финализиран
13:41
Спортинг Севиља
Севиља нов грузиски репрезентативец во своите редови

Шпанскиот фудбалски клуб Севиља интензивно работи на ангажман на грузискиот репрезентативец Гиорги Кочорашвили. Поранешниот играч на Леванте во моментов е под договор со португалскиот Спортинг Лисабон. Сепак, тој не е во долгорочните планови на португалскиот тим за сезоната 2026/27, кој претпочита перманентен трансфер или позајмица со задолжителен откуп.

Преговори
13:15
Рома
Лоренцо Пелегрини потпишува нов договор со Рома

Лоренцо Пелегрини останува верен на Рома. Искусниот фудбалер потпишува договор на една сезона вреден 2,5 милиони евра. Во договорот ќе има опција и за продолжување до јуни 2028.

Напредна фаза
12:54
Атлетико Мадрид Барселона
Симеоне не сака да размислува за продажба на Алварез

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, јавно потврди дека клубот нема никаква намера да го продаде Хулијан Алварез и дека тој останува клучен дел од нивниот спортски проект. И покрај големиот интерес од Барселона и желбата на самиот фудбалер да го исполни својот сон во Каталонија, мадридскиот клуб постави цврст „ѕид“ околу неговиот трансфер.

Шпекулација
12:27
20.000.000 €
Атлетико Мадрид Астон Вила
Астон Вила е пред потпис со бек од Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид и Астон Вила се пред целосен договор за трансферот на Матео Руџери. Левиот бек за околу 20 милиони евра ќе се пресели во Премиер лигата, а тимот од Мадрид во следните денови ќе работи на потенцијална замена.

Преговори
12:11
Хофенхајм РБ Лајпциг
Наследникот на Диоманде во РБ Лајпциг не ги мина лекарските прегледи

Трансферот на Фисник Аслани во РБ Лајпциг пропадна во последен момент поради загриженост по медицинските прегледи .Иако првично беше најавено дека напаѓачот на Хофенхајм ги поминал прегледите и се очекуваше официјализација на трансферот вреден околу 25-30 милиони евра, германските клубови официјално потврдија дека зделката е откажана поради медицински причини откриени за време на тестовите.