Швајцарскиот одбранбен фудбалер Рикардо Родригез официјално се враќа во Торино. По пропаѓањето на неговиот трансфер во англискиот Вест Хем во последните моменти од преодниот рок, искусниот 34-годишен дефанзивец договори едногодишен договор со италијанскиот клуб. Родригез доаѓа во Торино како слободен играч откако на крајот на јуни му истече договорот со шпанскиот Бетис Севиља
Трансфери | Transferi
ЧЕТ, 3 септември 2026
Раководството на Наполи активно работи на продолжување на договорот на Скот Мектоминеј, со цел да го обезбеди неговиот долгорочен престој во клубот. Претседателот Аурелио Де Лаурентис сака да стави крај на сите шпекулации околу иднината на Шкотланѓанецот, препознавајќи го како клучен играч во средниот ред.
Челзи нема да го потпише Жоржино Вајналдум, бидејќи клубот целосно ги демантираше и отфрли шпекулациите за негов трансфер како слободен агент. Иако француските медиуми првично објавија дека раководството на Челзи стапило во контакт со 35-годишниот холандски ветеран, најсигурните извори брзо потврдија дека клубот од Лондон нема намера да го ангажира поранешниот фудбалер на Ливерпул.
Бешикташ официјално испрати прашање до италијанскиот клуб Комо за условите под кои би можел да го ангажира нивниот играч од средниот ред, Максенс Какере. Бешикташ веќе стапи во контакт со Комо за да ги дознае финансиските барања и опциите за трансфер на играчот. Станува збор за 26-годишниот француски играч за врска, чија пазарна вредност во моментов се проценува на околу 13 милиони евра.
Легендарните Бразилци Роналдо Назарио и Роберто Карлос започнаа амбициозен фудбалски проект во својата татковина. Двајцата се дел од инвестициска група која ќе преземе 80% од сопственоста на фудбалскиот сектор на Интер од Лимејра, клуб кој моментално се натпреварува во бразилската Серија Ц.
СРЕ, 2 септември 2026
Спортскиот директор Пјеро Аусилио официјално си замина од Интер по цели 28 години поминати во клубот. Неговиот договор првично требаше да трае до јуни 2027 година, но двете страни спогодбено го раскинаа веднаш по завршувањето на летниот преоден рок.
Трабзонспор продолжува со амбициозните планови на трансфер-пазарот и е на чекор до уште едно големо име од светскиот фудбал. По информациите за интересот за Мохамед Салах, турскиот клуб сега сака да го доведе и бразилскиот напаѓач Ричарлисон од Тотенхем.
Андреј Велков е уште едно во низата штипски деца кој ја засилија Брегалница оваа сезона. Штипската колонија е побогата за еден одличен, модерен фул лев бек кој одлично се снаоѓа и во дефанзивните задачи и во офанзивната прогресија.
Велков има 20 години, а во кариерата освен за Брегалница, настапуваше и за струмичка Брера и Тиквеш од Кавадарци. Ги помина сите младински селекции на Македонија до 19 години.
Герсон Родригеш дојде како големо засилување во Вардар, но може да ја заврши авантурата во Скопје порано од предвиденото. Крилниот играч во моментов е во клупските простории на состанок, за тоа информираше самиот преку социјалните мрежи.
Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург објави видео од тренинг-кампот на Вардар во Хиподром, од каде соопшти дека „чека да види како ќе се движи случајот и дали ќе може да се реши ситуацијата“.
Ирскиот дефанзивец Ворен О'Хора, кој летово беше стрелец против Шкендија во квалификациите за Конференциската лига, направи значаен чекор во својата кариера и официјално се пресели во Лестер Сити.
Трансферот беше потврден на самиот крај од летниот преоден рок, а англискиот клуб го ангажираше од шкотски Хибернијан за необјавена сума.
О'Хора беше еден од клучните играчи на Хибернијан и остана запаметен и кај македонската јавност откако постигна гол во победата од 2-1 над Шкендија во Единбург во квалификациите за Конференциската лига.
Македонскиот фудбалски првак Вардар доби нов тренер, го донесе Миодраг Божовиќ за наследник на Кристијан Фабијани, а во последните денови од преодниот рок може да донесе и уште едно големо име во тимот. Стефан Ристовски, десниот бек и поранешен капитен на репрезентацијата на Македонија, може да се врати во редовите на Вардар. Отворено е местото за нов добар дефанзивец по заминувањето на Дарко Велковски, а можно е Ристовски да биде вардаровиот „џокер“. Постои голем обостран интерес за такво нешто, а се чека на финалната реализација, доколку дојде до неа секако.
Младиот напаѓач Чидо Оби-Мартин ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе продолжи на позајмица во Вилем 2. Договорот е постигнат, а двата клуба ги финализирале сите детали за трансферот. Оби-Мартин денеска треба да ги помине лекарските прегледи, а веќе отпатувал за Холандија. Станува збор за позајмица до јуни 2027 година, без вклучена опција за откуп на неговиот договор.
Младиот шпански фудбалер Пабло Гарсија официјално премина во Расинг Сантандер од екипата на Реал Бетис на последниот ден од летниот преоден рок. Трансферот на 20-годишното крило предизвика големи емоции во јавноста, бидејќи тој беше принуден да го напушти својот матичен клуб по цели 15 години поминати во Севиља.
Шпанскиот прволигаш Реал Бетис експресно ја одби понудата од Евертон за својот талентиран марокански крилен фудбалер, Абде Езалзули, во последните денови од трансфер пазарот. Англискиот премиерлигаш се обиде да го донесе 24-годишниот офанзивец во Ливерпул за да го засили нападот под водство на Дејвид Мојс, но клубот од Севиља не попушти.
Ел Шарави пак ќе заигра за Џенова. Италијанскиот фудбалер Стефан Ел Шарави ја започна својата професионална сениорска кариера токму во Џенова. Тој потекнува од младинската школа на овој клуб, каде што ги направи првите фудбалски чекори пред да премине во големите европски екипи. Ел Шарави се приклучи на младинските категории на Џенова во 2006 година. На 21 декември 2008 година, на само 16 години, дебитираше во Серија А на натпревар против Киево.
Иднината на Бојан Миовски во Ренџерс останува неизвесна, но опциите за македонскиот репрезентативец во финишот на преодниот рок се сè помалку. Последен клуб кој се споменува е австриски ЛАСК.
Еден од највпечатливите податоци од летниот преоден рок во Англија доаѓа од Ипсвич. Новиот премиерлигаш потроши околу 170 милиони фунти, односно речиси 197 милиони евра, за засилувања и со тоа инвестираше повеќе од голем број европски гиганти.
Станува збор за 17-годишниот Андрија Бартишвили, кој денеска отпатува за Лондон за да ги помине лекарските прегледи и да го финализира договорот со англискиот гигант. Бартишвили важи за најголемиот грузиски талент по Квича Кварацхелија, а неговиот трансфер во Арсенал е договорен со важност од јуни 2027 година. Причината е што младиот фудбалер тогаш ќе наполни 18 години и ќе може официјално да му се приклучи на клубот.
Италијанскиот голман, со индонезиско потекло, Емил Аудеро официјално се пресели во Рајо Ваљекано. Преодот беше комплетиран како позајмица од италијанскиот клуб Комо. Аудеро пристигнува во шпанскиот клуб на чиста позајмица до крајот на сезоната 2026/27.
Тило Керер и официјално потпиша за Ајакс. Холандскиот гигант го потврди трансферот на германскиот репрезентативен дефанзивец, кој доаѓа како едногодишна позајмица од Монако. Се работи за чиста позајмица до крајот на сезоната 2026/27 без опција за откуп.
Грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос постигна устен договор за трансфер на Леон Бејли од редовите на Астон Вила. Информацијата денес ексклузивно ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Се работи за траен трансфер со договор кој ќе биде со важност до јуни 2029 година. Англискиот клуб Астон Вила веќе даде „зелено светло“ за реализација. Јамајканскиот крилен фудбалер во моментов е на пат за Атина каде треба да ги изврши задолжителните лекарски прегледи пред официјалното потпишување.
Челзи продолжува да го привлекува вниманието на фудбалската јавност со својата трансфер-политика, но овојпат не поради купувањата. Лондонскиот гигант во текот на летниот преоден рок оствари неверојатни приходи од продажба на фудбалери, а со вклучените бонуси сумата може да се приближи до половина милијарда евра.
Најголема зделка е трансферот на Енцо Фернандес, кој премина во Манчестер Сити за 145 милиони евра. Веднаш зад него е Андреј Сантос, кој се пресели во Манчестер Јунајтед за 56,3 милиони евра, со дополнителни 2,3 милиони низ бонуси.
Клубовите од Премиер лигата повторно покажаа колкава е финансиската моќ на англискиот фудбал. Во летниот преоден рок тие заедно потрошија неверојатни 3,46 милијарди фунти, односно околу четири милијарди евра, со што е поставен нов рекорд.
Претходниот рекорд изнесуваше 3,14 милијарди фунти, но дополнително беше надминат со неколку огромни трансфери. Илиман Ндиаје премина од Евертон во Манчестер Сити за иницијални 60 милиони фунти, а потоа беше потврден и трансферот на Енцо Фернандез од Челзи во Сити за рекордни 125 милиони фунти, односно околу 145 милиони евра.
Јусуф Фофана официјално е нов фудбалер на Севиља, каде што пристигна на едносезонска позајмица од италијанскиот гигант Милан. Трансферот беше комплетиран во драматична завршница на преодниот рок, откако претходно неговата речиси договорена зделка со Олимпик Лион пропадна во последен момент.
Летниот преоден рок во најсилните европски лиги донесе бројни спектакуларни трансфери, а убедливо најактивни беа клубовите од Премиер лигата. Дури девет од десетте најскапи зделки ова лето завршија во Англија, додека единствен исклучок е Реал Мадрид.
Десетте најскапи трансфери во летниот преоден рок 2026:
Енцо Фернандез (Челзи - Манчестер Сити) – 146 милиони евра
Морган Роџерс (Астон Вила - Челзи) – 138 милиони евра
Елиот Андерсон (Нотингем Форест - Манчестер Сити) – 135 милиони евра
Бредли Баркола (ПСЖ - Ливерпул) – 125 милиони евра
Јан Диоманде (РБ Лајпциг - Реал Мадрид) – 125 милиони евра
Сандро Тонали (Њукасл - Тотенхем) – 108 милиони евра
Матеус Фернандеш (Вест Хем - Тотенхем) – 99 милиони евра
Ајуб Буади (Лил - Манчестер Сити) – 95 милиони евра
Савињо (Манчестер Сити - Тотенхем) – 87,7 милиони евра
Бруно Гимараеш (Њукасл - Арсенал) – 87,5 милиони евра.
Египетската фудбалска асоцијација потврди дека Хосам Хасан кој имаше забележителен настап на последниот Мундијал, ќе остане на кормилото на репрезентацијата до 2030 година.
Екипата на Вардар го назначи Миодраг „Гроф“ Божовиќ за нов тренер на првата екипа, а почна да се формира и стручниот штаб кој ќе продолжи понатаму во сезоната.
Од таборот на ФК Вардар АД информираат дека стручниот штаб е засилен со два нови тренери, тоа се поранешниот голман Гого Јовчев и српскиот тренер Дејан Мрваљевиќ кој доаѓа заедно со Божовиќ.
За Гого Јовчев Вардар не е непозната средина, со оглед на тоа што претходно беше дел од екипата како голман.
Бен Чилвел и официјално се врати во Кристал Палас со постојан трансфер од францускиот Стразбур. Трансферот е реализиран од Стразбур, откако Чилвел претходно беше играч на Челзи.
29-годишниот лев бек веќе настапуваше за „орлите“ како позајмен играч во вториот дел од сезоната 2024/25, кога му помогна на клубот да го освои историскиот прв трофеј во ФА Купот. Ова е негово враќање на „Селхерст парк“, а клубот го потврди како ново засилување во завршницата од летниот преоден рок.
Давид Афенгрубер е нов фудбалер на Фулам, откако англискиот клуб официјално го потврди неговиот трансфер од шпанскиот Елче. Австрискиот централен дефанзивец потпиша четиригодишен договор до 2030 година, со опција за продолжување на уште една година од страна на клубот. Иако официјално се води како необјавена, медиумите пренесуваат дека трансферот вреди околу 12 милиони евра (околу 8.5 милиони фунти).
Холандскиот репрезентативец Квинтен Тимбер официјално направи трансфер во Кристал Палас од Олимпик Марсеј, потпишувајќи петгодишен договор со клубот до 2031 година. Кристал Палас договори отштета од околу 20 милиони евра со Марсеј, кој мораше да продава играчи за да ги реши финансиските проблеми.
Македонскиот фудбалски првак Вардар има нов тренер, откако потпиша договор со црногорскиот стратег Миодраг „Гроф“ Божовиќ, екс-тренер на Црвена Звезда со која стана шампион. Црногорецот доаѓа на местото на Матија Мирков, кој како в.д тренер го водеше клубот по заминувањето на Аргентинецот Кристијан Фабијани.
Трансферот на американскиот напаѓач Фоларин Балогун во англискиот премиерлигаш Евертон официјално пропадна во последните моменти од преодниот рок, откако медицинскиот тим на клубот од Ливерпул изрази загриженост за неговата физичка подготвеност. Иако првично беше договорена сума од околу 40 милиони фунти со неговиот сегашен клуб Монако, медицинските прегледи открија одредени компликации поврзани со повредата што ја влечеше од Светското првенство.
Шпанскиот играч за врска Дани Себаљос официјално се врати во својот матичен клуб Реал Бетис. По неколку сезони поминати во Реал Мадрид, 30-годишниот фудбалер направи емотивно враќање во Севиља, каде што ги направи првите професионални чекори во кариерата. Трансферот се реализираше со цел тој да добие поголема минутажа и клучна улога на теренот.
Енцо Фернандез официјално се пресели во Манчестер Сити по постигнатиот историски договор со Челзи вреден 125 милиони фунти (околу 140 милиони евра) на самиот крај од летниот преоден рок.
Манчестер Сити се договори да плати рекордни 125 милиони фунти. Аргентинецот потпиша петогодишен договор кој ќе го задржи во клубот до летото 2031 година, со опција за продолжување на уште една дополнителна година. Овој трансфер се вбројува меѓу најскапите во историјата на Премиер лигата.
Депортиво Ла Коруња доведе две засилувања на крајот од преодниот рок. На позајмици на „Риазор“ доаѓаат Марк Касадо од Барса и Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид.
Михајло Мудрик е нов член на Тотенхем, откако клубот официјално го потврди неговиот трансфер од Челзи. Украинскиот офанзивец пристигнува во северен Лондон на едногодишна позајмица до крајот на сезоната, со вклучена опција за целосен откуп на договорот во летото 2027 година за 75 милиони фунти.
Менаџерот на Тотенхем, Роберто де Зерби, беше клучниот фактор за овој трансфер. Тој веќе работеше со Мудрик во Шахтјор Доњецк и лично инсистираше на неговото ангажирање за да му ја оживее кариерата. Овој трансфер се смета за голем ризик бидејќи 25-годишниот фудбалер нема одиграно официјален натпреварувачки меч од ноември 2024 година, поради суспензија поврзана со допинг која беше решена и укината во јули оваа година.
Челзи постигна целосен договор за трансфер на Ламин Камара од Монако, кој требаше да биде директна замена за Енцо Фернандез, откако Аргентинецот премина во Манчестер Сити за рекордна сума од 125 милиони фунти. Трансферот на сенегалскиот играч за врска не се реализираше во последните часови од преодниот рок, бидејќи Монако се предомисли и го остави Челзи без планираниот играч.
ВТО, 1 септември 2026
Кристал Палас договори засилување од Митјиланд. Чилеанскиот крилен играч Рикардо Осорио пристигнува за 28.000.000 евра фиксно плус 4.000.000 преку бонуси.
Манчестер Сити експресно го одби Манчестер Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ испратија сензационално и шокантно прашање за ангажман на левиот бек Рајан Аит-Нури. Јунајтед, предводен од Мајкл Карик, очајнички бараше засилување на левата бековска позиција поради честите повреди на Лук Шо. Откако им пропаднаа опциите за Алехандро Балде од Барселона и Луис Хол од Њукасл, тие во последните часови од преодниот рок се свртеа кон својот градски ривал. Понудата на Јунајтед беше за позајмица, но „граѓаните“ немаат никаква намера да го пуштат својот фудбалер кај
Атлетико Мадрид го комплетираше петтото засилување во летниот преоден рок, откако го договори Џонатан Дејвид од Јувентус. Канаѓанецот пристигнува на едногодишна позајмица, а мадриѓани ќе имаат можност да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната за 25 милиони евра. Јувентус ќе покрива половина од неговата плата.
Вест Хем Јунајтед официјално го потпиша бразилскиот дефанзивец Морато. Трансферот е комплетиран како едногодишна позајмица од Нотингем Форест, со опција за траен откуп на договорот.
Трабзонспор се раздели со тренерот Фатих Теке, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката. Трабзонспор во првите три кола од турското првенство освои само четири бода.
Лил продолжува да прави неверојатни зделки на трансфер-пазарот ова лето. Само пет дена по продажбата на Ајуб Буади во Манчестер Сити за 95 милиони евра, францускиот клуб реализираше уште еден огромен трансфер со англиски клуб. Новиот купувач е Њукасл, кој за Матијас Фернандез Пардо ќе плати 60 милиони евра, а сумата може да порасне и преку дополнителни бонуси. Њукасл првично понудил 45 милиони евра, но Лил ја одбил понудата и барал 70 милиони. Сепак, откако самиот Пардо изразил желба за трансфер, Французите се согласиле на 60 милиони евра.
Комо го реализираше големиот трансфер во финишот на преодниот рок и го доведе Моизе Кин од Фиорентина. Италијанскиот репрезентативец пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, за која Комо ќе плати 5 милиони евра, додека откупот е задолжителен и е договорен на 25 милиони евра. Фиорентина може да заработи дополнителни пет милиони низ бонуси.
Јувентус во самиот финиш од преодниот рок се засили со Ник Волтемаде, кој пристигнува од Њукасл на едногодишна позајмица. Италијанскиот гигант ќе ја покрива целата плата на 24-годишниот напаѓач, а на Њукасл ќе му исплати 3,6 милиони евра, плус дополнителни 500.000 евра низ бонуси.
Пазарот е затворен во Германија, Италија и Франција.
Продолжуваме да ги следиме случувањата пред сè во Англија и Шпанија.
Ливерпул го потврди трансферот што се шпекулираше неколку дена. Белгиецот Лука Бругманс стана најскапиот млад голман на сите времиња.
Новиот прволигаш Скопје продолжува со засилувањето на ростерот, откако клубот потврди две нови имиња во своите редови. Нов член на скопскиот клуб е Али Адем, искусен играч од средниот ред со настапи во повеќе македонски и странски клубови, како и репрезентативно искуство. Скопје го претстави и Томче Гроздановски, кој исто така има богато домашно и меѓународно искуство
Диего Карлос официјално е позајмен во Парма од редовите на турскиот гигант Фенербахче. Договорот за 33-годишниот бразилски дефанзивец е со времетраење од една сезона (до јуни 2027 година), со вклучена опција за целосен откуп на неговиот договор.
Челзи го одби Ливерпул во последните часови од преодниот рок за десниот бек Мало Густо. Клубот од „Енфилд роуд“ направи изненадувачки обид во последен момент за да го донесе 23-годишниот француски дефанзивец на позајмица без задолжителен откуп. Челзи веднаш ја одби оваа понуда бидејќи лондонскиот клуб беше подготвен да разговара единствено за траен трансфер.



















































