Само што почна да игра на нивото на своите способности, шампионката на УС Опен од 2019 година, Бјанка Андрееску, доживеа нов голем удар. По трите последователни победи во Мајами, каде пред две години стигна до финалето, 22-годишната Канаѓанка на почетокот на вториот сет од мечот со Екатерина Александрова, го повреди скочниот зглоб.