Рафаел Надал од денес е рамо до рамо со Роџер Федерер по бројот на Грен-слем турнири. Шпанецот го декласира Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-0, 6-2, 7-5) за нешто повеќе од два часа во финалето на Ролан Гарос. Ова е историско постигнување, 13-ти трофеј од Париз за Шпанецот и вкупно 20-ти Грен слем турнир, исто колку што има и Федерер.