Пред стартот на последниот турнир од Мастерс серијата, викендов завршија неколку турнири од серијата 500 на АТП. Австралиецот Џон Милман ја освои својата прва титула во кариерата, откако со 7-5, 6-1 го совлада Французинот Адријан Манарино во финалето на Астана опен во Нур-Султан.