Победничката на Вимблдон, Јелена Рибакина, одлучи паричната награда што и ја додели Тениската федерација на Казахстан да ја подари во фондот за развој на тенисот во оваа земја. Пред една недела, Рибакина ја освои титулата на Вимблдон за првпат во кариерата, откако во финалето ја совлада Онс Џабер со 3-6, 6-2, 6-2.