По новата титула на Австралија опен, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ одлучи своето време да го посвети на хуманитарни цели и да им помогне на децата од социјално загрозени семејства во Мелбурн.
Во основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вождовац првите училишни денови ги имале многу познати актери, политичари и спортисти, меѓу кои и тенисерот Новак Ѓоковиќ. Наставниците од ова училиште од Ѓоковиќ научиле важна лекција. Всушност, додека тој не одел на училиште за да тренира, тие немале доволно разбирање и не го поддржувале.
И синот на Новак Ѓоковиќ, малиот Стефан, го следеше својот татко како го освојува рекордниот шести трофеј на Австралија опен. Меѓутоа, наместо да навива „Тато, тато“, Стефан извикуваше „Мама, мама“!
Погледнете ги најдобрите моменти од првиот Грен слем во новата година. Четиринаесет дена на неверојатни тениски моменти, поени, фер-плеј, фантастична поддршка од публиката. Од легендарниот Хјуит, на кого ова му беше последен турнир во кариерата, па сè до неверојатните поени на шампионот Ѓоковиќ.
Поранешниот шведски тенисер Матс Виландер, по освојувањето на рекордниот шести трофеј на Австралија опен на Србинот Новак Ѓоковиќ, вели дека тој едноставно е предобар за своите конкуренти.
Продолжува победничката серија на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ. Утринава, во еден спектакуларен меч во три сета, тој го покори својот ривал Енди Мареј, со што по шести пат го освои првиот Грен слем во годината, Австралија опен.
Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата бајка во светот на машкиот тенис. Српскиот тенисер ја покажа својата моќ и го освои Австралија опен и оваа година. Немаше дуел на два расположени тенисери во финалето, туку едноставно монолог на Србинот во поголемиот дел од надигрувањето кое траеше скоро два и пол часа.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на Австралија Опен откако денес во финалето го совлада Енди Мареј со 3-0 во сетови (6-1, 6-3, 7-6), со што успеа по шести пат да биде победник на првиот Грен слем турнир во годината.
Анџелика Кербер денес ја освои својата прва Грен слем титула, победувајќи во финалето на Отвореното првенство на Австралија против фаворитката Серена Вилијамс со 2-1 (6-4, 3-6, 6-4).
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е познат по своите шеги. Овој пат на мета му беше новинар кој правеше рапортажа за време на тренингот на Србинот на „Род Левер“ арената. Ноле не можеше да се воздржи и упати неколку топчиња кон него.
Пред почетокот на утрешното финале на Австралија опен, во кое Новак Ѓоковиќ за противник го има Британецот Енди Мареј, Србинот својот мир го пронајде под едно дрво. Тој на својот Фејсбук профил напиша:
Џејми Мареј и Бруно Соарес се нови шампиони на Австралија опен во машки двојки, откако во финалето беа подобри од Даниел Нестор и Радек Степанек со 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 7-5).
Британскиот тенисер Енди Мареј вчера го победи Милош Раониќ и се пласира во финалето на првиот Грен слем во новата сезона, Австралија опен. Шкотот тврди дека има таен план за играта на Ѓоковиќ, што ќе се обиде да го искористи в недела наутро, во финалниот натпревар.
Анџелика Кербер од Германија е сензационален победник на женскиот турнир на Австралија опен. Утрово, во многу драматично финале, таа славеше против првата носителка и главната фаворитка Серена Вилијамс со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-4).
Противник во финалето на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен ќе му биде Британецот Енди Мареј. Вториот носител на турнирот по исцрпувачки меч успеа да го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-2 (4-6, 7-5, 6-7/4, 6-4, 6-2). По натпреварот евидентно беше големото задоволство на Шкотот за извојуваната победа и изјави дека денес играше со страшно тежок противник кој е секогаш незгоден доколку првиот сервис го упати на вистинското место:
Енди Мареј е вториот финалист на отвореното првенство на Австралија во тенис. Британскиот тенисер по голема борба го совлада Канаѓанецот, Милош Раониќ во пет сета (4-6, 7-5, 6-7/4, 6-4, 6-2).
Мартина Хингис и Саниа Мирза се победници на турнирот во женски двојки на Австралија опен. Тие во финалето го совладаа парот Хлавачкова - Храдецка со 2-0 во сетови (7-5, 6-2).