Најдобрата мак-тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка. Тетовчанката ја победи Дарја Астакхова од Русија во маратон од два часа и десет минути, со резултат 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 6-3). Така, по елиминацијата на Болсова, Наваро и руската ривалка, македонската тенисерка ќе игра за трофејот.