Primary tabs

  • Ѓоковиќ и Зимуниќ убедливо поразени: Франција и Италија се првите четвртфиналисти

    Заврши и вториот ден од осминафиналните дуели во Светската група на Дејвис купот, а селекциите на Италија и Франција веќе обезбедија пласман во четвртфиналето.

  • Македонските тенисери убедливи против репрезентацијата на Црна Гора

    Македонската Дејвис куп репрезентација, во состав Горазд Србљак и Димитар Грабул, успеа да обезбеди мирно водство од 2-0 против репрезентацијата на Црна Гора.

  • Јаник Ноа ја препороди Франција, Ѓоковиќ и Мареј со очекувани победи

    Започнаа натпреварите од осминафиналето на Светската група на Дејвис Купот. Ѓоковиќ настапи за Србија во Белград и го победи Недовезов со 3-0 во сетови, но Кукушкин израмни за Казахстан со победата над Троицки. Монфилс и Симон донесоа 2-0 за Франција против Канада за која не настапи Раониќ. Италија лесно поведе против Швајцарија за која не настапуваат Федерер и Вавринка, а во Гдањск домашната селекција не му даде силен отпор на Аргентина. Мареј и Нишикори ги добија своите мечеви во дуелот на Велика Британија и Јапонија, а Гофин го победи Борна Чориќ во пет сета за да израмни за Белгија против Хрватска.

  • Тенисерите го загубија мечот во двојки од Ирска и нема полуфинале за нашиот Дејвис Куп тим

    Македонската тениска репрезентација загуби од Република Ирска со 1-2 и не успеа да се пласира во полуфиналето на Третата Евро-африканска зона на Дејвис Купот.

  • Дуелот во двојки ќе решава: Ирска израмни по поразот на Јотовски

    Селекцијата на Ирска израмни на 1-1 во дуелот против Македонија, од рамките на Третата евро-африканска зона, откако Сем Бери го совлада Томислав Јотовски со 2-0 во сетови (6-3 и 6-4), па така победникот на овој меч кој ќе го освои првото место во групата Б ќе биде познат по дуелот во двојки.

  • Тенисерите на чекор до полуфинале: Грабул донесе предност со Ирска

    Македонската Дејвис куп репрезентација победнички го отвори и третиот ден во Талин, откако во рамките на Б групата од Третата евро-африканска зона, Димитар Грабул славеше над Бјорн Томсон со 2-1 во сетови (3-6, 6-3 и 6-3), за предност над Ирска со 1-0.

  • Мареј: И оваа година сакаме идентично да ги израдуваме нашите фанови

    Минатата година, Дејвис куп селекцијата на Велика Британија, го прекина постот од 79 години без трофеј во Светската група од Дејвис куп, откако во финалето извoјува убедлива победа против селекцијата на Белгија.  

  • Република Ирска ни стои на патот до втората европска зона на Дејвис Купот

    Македонската тениска репрезентација денес ќе се сретне со Република Ирска во решавачкиот меч за првото место во групата Б на турнирот во Талин во рамките на третата евро-африканска зона во Дејвис Купот. 

  • Си-Ен-Ен одлучи: Ѓоковиќ е најдобар спортист на светот

    Американски Си-Ен-Ен пренесува дека според анкетата која траеше изминатите неколку недели, за најдобар спортист во светот за 2015 година е избран српскиот тенисер и светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

  • Шарапова го пропушта и Индијан Велс

    Една од најдобрите тенисерки на светот, Марија Шарапова го откажа своето учество на ВТА Мастерсот во Индијан Велс поради повредата на раката, која не успеа да ја санира. За Русинката последен настап беше поразот во четвртфиналето на АО од Серена Вилијамс.

  • Британија против Јапонија ќе ја започне одбраната на Дејвис купот

    Утре започнуваат возбудувањата од Светската група во Дејвис купот – меѓународен тениски турнир за мажи, во кој учествуваат најдобрите 16. тениски нации во светот. Дејвис купот се организира од страна на Интернационалната Тениска Федерација (ИТФ), и се одржува секоја година. Организаторите уште го нарекуваат и „Светско првенство во тенис“, бидејќи победниците се нарекуваат Светски шампиони.

  • Збришана и Албанија, следна на менито за тенисерите е Ирска

    Македонската Дејвис куп селекција дојде и до втората победа во рамки на третата евро-африканска зона, откако по вчерашната победа над Ерменија од 2-0, денес беше остварен идентичен успех и над Албанија. Откако Димитар Грабул отвори со победа над Флавио Дече, во вториот дуел заверка на конечната победа стави Томислав Јотовски, кој славеше над Генајд Шипхеја со 2-0 во сетови (6-0 и 6-0).

  • Грабул со победа за водство на Македонија против Албанија

    Македонската Дејвис куп репрезентација со победа го отвори и вториот натпреварувачки ден во Талин, откако во првиот натпревар од дуелот со Албанија, Димитар Грабул славеше со 2-0 во сетови (7-6, 6-1), над Флавио Дече.

  • Грабул и Јотовски супериорни за победа на Македонија над Ерменија

    Во првиoт меч од третата зона на Дејвис Купот, каде Македонија се натпреварува против селекцијата на Ерменија, Димитар Грабул и Томислав Јотовски беа поуспешни од своите колеги од Ерменија.

  • Проблемите со окото се веќе минато: Ѓоковиќ ќе настапи за Србија

    Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, пред дуелот од првото коло од Светската група на Дејвис купот, каде неговата репрезентација ќе се натпреварува против Казахстан, изјави дека е оптимист за настап уште од првиот ден.

  • Ерменија е првата пречка на нашата Дејвис Куп репрезентација

    Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација денес ги почнува натпреварите во групната фаза од третата евро-африканска зона, во која покрај домаќиниот Ерменија, се најдоа и Ирска и Албанија.   Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак ќе се соочат со репрезентативците на Ерменија. Натпреварите се играат во Талин почнувајќи до 5 март. По мечот со Ерменија, нашата Дејвис куп селекција ќе се сретне со Албанија, па со Ирска.

  • Македонија во група со Ерменија, Ирска и Албанија во рамките на Дејвис купот

    Македонската тениска репрезентација ги доби своите противници во рамките на групата Б од Третата зона на Дејвис купот. Се работи за репрезентациите на Ерменија, Ирска и соседна Албанија.

  • Македонската Дејвис Куп репрезентација отпатува во Талин

    Македонската тениска Дејвис куп репрезентација на Македонија од 2 до 5 март во Талин, Естонија, ќе ги одигра мечевите во рамките на Третата зона од Дејвис купот.   Томислав Јотовски и Горазд Србљак, заедно со селекторот Дејан Маринковиќ денес од Скопје ќе заминат за Талин, а таму ќе им се приклучи Димитар Грабул. Нашата репрезентација одржа неколку тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ на тврда подлога на која и ќе се играат мечевите во Талин.   Во Талин, 16 репрезентации ќе бидат поделени во четири групи по четири селекции. Победниците на групите ќе играат во полуфиналето, двата финалисти ќе се пласираат во Втората евро-африканска зона. Македонија ќе наиде на тешки противници, бидејќи во ждрепката нема да биде носител.  

  • Слоан Стивенс ја освои втората титула во 2016 година, триумфирајќи во Акапулко

    Американката Слоан Стивенс го освои ВТА турнирот во Акапулко, совладувајќи ја во финалето Доминика Цибулкова со 2-1 (6-4, 4-6. 7-6/5). За Стивенс денешната титула е втора во 2016 година и è единствена тенисерка со две титули оваа сезона.

  • Доминик Тием победник во Акапулко, Куевас го одбрани Сао Паоло

    Австрискиот тенисер Доминик Тием, продолжува со сјаните игри, освојувајќи го АТП турнирот од серијата 250 во Акапулко (Мексико). Во финалето тој беше подобар од Австралиецот Бернард Томиќ, кој го совлада со 2-1 (7-6/6, 4-6, 6-3).

Pages