Во второто полуфинале на завршниот Мастерс Куп во Лондон, в сабота од 21:00 часот, ќе се сретнат Рафаел Надал и Данил Медведев. Во одличен директен дуел за второто место во групата „Токио 1970“, Надал го совлада Стефанос Циципас со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-2). Со две победи од три меча, Надал се квалификува за полуфиналето, за разлика од минатата сезона кога испадна заради послаб гем и сет количник.