Швајцарецот Роџер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250 во Бризбејн, по тешката победа над Бугаринот, Григор Димитров од 2-1 (6-4, 6-7, 6-4). Мечот беше изедначен, а победникот го решија нијанси, што покажува и вкупната статистика на крајот. Федерер мечот го заврши со 28 директни поени и 26 грешки, а Димитров имаше 30 директни поени и 27 грешки.