• Ѓорческа победник на фјучерс турнирот во Анталија

    Првата носителка на фјучерс турнирот во Анталија, македонската тенисерка Лина Ѓорческа, ја оправда улогата на фаворит и во финалето во три сета ја победи Грузијката Екатерина Горгодзе (1-6, 6-2, 6-3).

  • Русинката Дарија Гаврилова со гаф ја насмеа публиката на АО – „Добра сум одназад“

    21-годишната австралиска тенисерка родена во Москва, Дарија Гаврилова, направи несекојдневен гаф во интервјуто на централниот терен на Австралија опен по победата над Кристина Младеновиќ во три сета. Миленичката на австралиската публика по победата рече:

  • Федерер убедлив против Гофин за пласман во четвртфиналето на АО

    Во последниот денешен натпревар од осминафиналето на Австралија опен на „Род Лејвер арената“, Роџер Федерер ја оправда фаворитската улога и полесно од очекуваното го совлада 15. носител Давид Гофин со 3-0 (6-2, 6-1, 6-4). Во сите три сета Федерер беше убедлив и во ниту еден момент Гофан не дојде до шанса за изненадување на денешниот меч. Единствениот брејк на денешниот меч што го направи Гофан беше во третиот сет при водство на Федерер од 4-1. 

  • Радванска и Суарез Наваро убедливи за четвртфинален дуел

    Четвртата носителка на Австралија опен, полската тенисерка Агњешка Радванска, како и Суарез Наваро, со денешните победи обезбедија четвртфинале од овогодишниот прв Грен слем турнир, Австралија опен.

  • Ѓоковиќ се намачи со Симон, Нишикори лесно против Цонга

    Светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, потешко од очекуваното го совлада Французинот Жил Симон во осминафиналето на Австралија опен со 3-2 (6-3, 6-7/5, 6-4, 4-6, 6-3). Српскиот тенисер одигра најдобро кога најмногу требаше, во петтиот сет, во кој не му даде ни малку надеж на Симон, кој одлично играше во првите четири сета и беше блиску до големо изненадување.

  • Серена и Шарапова наместо финале, закажаа четвртфинале во Мелбурн

    Иако многумина очекуваа меч во финалето, Серена Вилијамс и Марија Шарапова ќе се сретнат уште во четвртфиналето на Австралија опен во тенис, откако и двете утрово славеа победи во два сета во осминафиналните мечеви.

  • Кис и лошите вести од трибините ја запреа Ивановиќ

    Покрај Јелена Јанковиќ и втората српска тенисерка Ана Ивановиќ го заврши престојот во Мелбурн. Србинката денес несреќно загуби од американката Кис со 2-1 (4-6, 6-4, 6-4), во третото коло од Австралија опен.

  • Енди Мареј сигурен и против Соуса

    По сигурните победи на Раониќ, Ферер, Вавринка и Монфилс, пласман во наредното коло од Австралија опен обезбеди и најдобриот британски тенисер Енди Мареј. Одличниот Шкот во претпоследниот денешен дуел беше поуспешен од португалскиот тенисер Жоао Соуса, победувајќи го во четири сета (6-2, 3-6, 6-2, 6-2).

  • Се онесвести тренерот на Ивановиќ сред нејзин меч!

    Ана Ивановиќ се наоѓаше пред пласман во следното коло на Австралија опен, но доживеа голем шок за време на мечот со Американката Кис.

  • Вавринка лесно во осминафиналето, елиминирата Шпанката Мугуруза

    Фаворитите Станислав Вавринка и Милош Раониќ, со победи од по 3-0, обезбедија пласман во третото коло на Австралија опен, во првата половина од шестиот натпреварувачки ден. Вавринка го совлада Чехот Лукаш Росол со 6-3, 6-2, 7-6/3. Милош Раониќ беше подобар од Виктор Троицки од Србија и го победи со 6-3, 6-2, 6-4.

  • Јотоски обезбеди финале на фјучрсот во Тунис

    Еден од најдобрите македонски тенисери, Томислав Јотовски заедно со Милијан Зекиќ, од Србија по денешната полуфинална победа против италијанската двојка Бонадио и Оранго со 2-1 во сетови (3-6, 6-4, 10-4), успеаа да обезбедат финале во ИТФ фјучрсот, кој се одржува во Тунис.

  • Федерер „полуде“ по Шарапова

    Швајцарскиот ас Роџер Федерер денес ја забележа јубулејната 300-та победа на Грен-слем турнирите, со која се издвои на врвот на листата на победи на сите времиња. Меѓутоа, пред да излезе на теренот, тој и неговиот противник Бугаринот Григор Димитров гледаа како Шарапова се справува со Американката Дејвис.

  • Ѓоковиќ се испоти против Сепи, Вилијамс ја „прегази“ Касаткина

    Новак Ѓоковиќ ја продолжи својата серија победи која трае веќе 12 мечеви против Италијанецот Андреас Сепи, победувајќи го во третото коло од Австралија опен со 3-0 (6-1, 7-5, 7-6/6). 

  • Федерер пресилен за Димитров, Шарапова се извади од „бездната“

    Роџер Федерер го загуби првиот сет, но се пласира во третото коло на Австралија опен. Во меч кој се играше на „Род Левер“ арената по голема жештина, Швајцарецот го совлада Григор Димитров од Бугарија во четири сета. Мечот траеше повеќе од два часа, а Федерер доминираше со сервисот и на крајот се радуваше со 6-4, 3-6, 6-1, 6-4. Оваа победа е јубилејна 300. за Роџер Федерер, со што го мина Иван Лендл и стана апсолутен рекордер.

  • Санторо: Дуелот со Ѓоковиќ не беше наместен

    Поранешниот француски тенисер Фабрис Санторо денес ги демантираше обвинувањата на италијанскиот „Тутоспорт“, дека мечот во 2007 година кога го совлада Новак Ѓоковиќ всушност бил наместен.

  • Тенисот испрати уште една легенда, Лејтон Хјуит рече збогум

    Еден од најдобрите австралиски тенисери на сите времиња, Лејтон Хјуит, денес ги помина последните минути на тениските терени. По поразот од Давид Ферер од 3-0 (6-2, 6-4, 6-4) на Австралија опен, Хјуит ја заврши својата долгогодишна играчка кариера. 

  • Јанковиќ елиминирана од Австралија опен, Ивановиќ и Азаренка со лесни победи

    Највисоко рангираната српска тенисерка, Јелена Јанковиќ, го заврши престојот во Мелбурн на Австралија опен откако загуби со 2-1 (3-6, 7-6/5, 6-4), од 97. тенисерка на светот, Германката Лауре Зигемунд. И покрај тоа што Јанковиќ имаше предност од 1-0 во сетови, нејзината лоша игра во наредните два, како и агресивноста на Германката, беа одлучувачки за нејзината елиминација.

  • Ако ги игнорираш новинарите на Австралија опен, ќе платиш 5.000 долари!

    Американската тенисерка Венус Вилијамс плати 5.000 долари казна, откако не се појави на задолжителната прес-конференција по неочекувана елиминиција од Австралија опен.

  • Мареј лесно во третото коло, Вердаско со сили за само едно изненадување

    Еден од фаворитите за финална победа на Австралија опен, Британецот Енди Мареј лесно се пласира во третото коло, откако го победи Сем Грот од Австралија со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-1). Со многу маки Милoш Раониќ го елиминира Томи Робредо, иако финалниот резултат гласеше 3-0 во сетови, но два од тие три сета Канаѓанецот доби во тај-брејк.

  • Лисицки е минато, Кристина Плишкова нова рекордерка во сервирани асови

    Чешката тенисерка Кристина Плишкова синоќа го постави новиот рекорд во отсервирани асови на еден натпревар во женска конкуренција.

Pages