• Тенис

    Ѓоковиќ почна бавно, но кога требаше го „скрши“ Мајер

    Најдобар тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на турнирот во Доха откако извојува победа над Леонардо Мајер од Аргентина со 6-3, 7-5. Тој за пласман во финалето ќе се бори со победникот од дуелот помеѓу Томаш Бердих и Кајл Едмунд. 

  • Тенис

    Надал преку Кузњецов во полуфиналето во Доха

    Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал стигна до полуфиналето на АТП турнирот во Доха. Овој пат настрада рускиот тенисер, Андреј Кузњецов со 2-1 (6-3, 5-7. 6-4). 

  • Тенис

    Украина се пласира во финалето на Хопман купот

    Тениската репрезентација на Украина се пласира во финалето на Хопман купот кој се одржува во Перт, Австралија. Овој куп важи за неофицијално светско првенство каде настапуваат мешани парови. 

  • Тенис

    Федерер со убедлива победа ја започна новата сезона

    Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, на најдобар начин ја започна оваа сезона, победувајќи го Тобијас Камке со 2-0 (6-2, 6-1), за само 55 минути игра, на турнирот во Бризбејн. 

  • Остапенко на тениски меч во Оукленд Тенис

    Остапенко со рекет погоди судија

    Невообичаен инцидент се случи синоќа на женскиот тениски турнир во Оукленд на мечот помеѓу Броди и Остапенко во тај-брејкот. Остапенко во обид да спаси една топка го фрли рекетот, кој погоди собирач на топчиња. Ако се погоди судија, скоро секогаш по стриктните правила тенисерот или тенисерката ќе биде дисквалификуван(а).

  • Надал по победа на турнирот во Доха Тенис

    Надал го „збриша“ Хасе за четвртфинале во Доха

    Рафаел Надал без многу проблеми се пласира во четвртфиналето на турнирот во Доха, откако со 2-0 во сетови се справи со Холанѓанецот Робун Хасе со 6-3, 6-2. Ова беше втора победа на Надал против Хасе, откако го совлада на стартот на Вимблдон во 2010 година.

  • Новак Ѓоковиќ на турнирот во Доха Тенис

    Ѓоковиќ експресно против Вердаско, француското дерби за Шарди

    Новак Ѓоковиќ и полесно од предвиденото се пласира во четвртфиналето на турнирот во Доха. Добивајќи ги двата сета против Шпанецот, Фернандо Вердаско со по 6-2, Србинот обезбеди нареден круг и таму ќе се сретне со Леонардо Мајер од Аргентина, кој во два сета го доби Шпанецот Пабло Андухар со 6-4, 6-4. 

  • Надал на турнирот во Доха Тенис

    Надал: Веќе сме 2016 година, нема што да зборуваме за минатата година!

    Некогашниот светски рекет број 1, Рафаел Надал, комплетно се насочи кон новите предизвици во 2016 година. Тој зад себе ја остави минатата година, која му беше најлоша во кариерата, што несака воопшто ниту да зборува за неа. 

  • Тенис

    Ферер елиминиран, Надал „се испоти“ со Карено-Буста

    На првиот АТП турнир оваа година, кој се одржува во Доха (Катар), актуелниот шампион Давид Ферер е елиминиран од Украинецот Илија Марченко со 2-1 (6-7, 6-3, 6-2). Натпреварот траеше цели 2 часа и 17 минути, а моментално 94. на АТП листата, Марченко успеа да се врати по загубениот прв сет и да направи големо изненадување. Ова беше прв нивни меѓусебен дуел, во кој Ферер немаше решение за силниот бекхенд удар на противникот.

  • Тенис

    Вилијамс ја обнови повредата на коленото и го откажа настапот во Перт

    Најдобрата тенисерка на денешницата, Серена Вилијамс, поради повреда на коленото го предаде мечот против Џермила Волф во рамките од второто коло од Хопман купот, кој се игра во Перт.

  • Тенис

    Шарапова и Халеп нема да играат во Бризбејн

    Марија Шарапова и Симона Халеп поради повреди нема да настапуваат на турнирот во Бризбејн. Русинката и покрај тоа што ја брани титулата во Бризбејн, одлучи да не игра на овој турнир.

  • Тенис

    Читателите на „Еуроспорт“ изгласаа: Ѓоковиќ со подобра година од Меси

    Најдобриот тенисер за 2015 година, Новак Ѓоковиќ е прогласен за ѕвезда на годината, во изборот кој беше организиран на официјалната страница на „Еуроспорт“.

  • Тенис

    Ѓоковиќ победнички ја започна 2016 година

    Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја забележа првата победа во новата година. Тој го победи Германецот, Дастин Браун со убедливи 6-2, 6-2 на турнирот во Доха. Мечот траеш

  • Тенис

    Ѓоковиќ изненаден од „неверникот“ Љубичиќ

    Новак Ѓоковиќ, призна дека е изненаден од одлуката на Иван Љубичиќ, да биде дел од тимот на неговиот лут ривал, Швајцарецот Роџер Федерер. Пензионираниот хрватски тенисер, кој е еден од подобрите пријатели на Ѓоковиќ во светот на тенисот, се приклучи кон таборот на швајцарскиот ас од минатиот месец.

  • Тенис

    Мареј го донесе првиот бод за Британија на „Хопман Купот“

    На вториот натпреварувачки ден на популарниот тениски турнир „Хопман Куп“, кој се играа во Перт, Австралија се одиграа два меча.

  • Хуан Мартин Дел Потро на тренинг Тенис

    Дел Потро се враќа на крајот на февруари или почетокот на март

    Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро ќе се врати на терените во првите месеци од новата година. Освен Дел Потро и медиумите во Аргентина потврдија дека враќањето по серијата повреди, е на самиот праг.

  • Лејтон Хјуит на Хопман Купот 2016 Тенис

    Започна „Хопман Купот“, Хјуит поразен од Весели

    Денес со мечот на домаќинот Австралија (златна екипа) и Чешка започна „Хопман Купот“ во тенис, кој традиционално се одржува на почетокот од годината во Перт. Во првиот меч во рамките на групата А, ветеранот Лејтон Хјуит, кој од март ја презема улогата на капитен на австралиската Дејвис Куп репрезентација, загуби од Јиржи Весели со 1-2 (3-6, 7-6 4-6). Одигран е и првиот меч од групата Б, а во него Австралија (зелена екипа) поведе против Германија со победата на Ник Киргијос против Миша Зверев со 2-1 (4-6, 6-1, 6-4).

  • Тенис

    Надал против Ѓоковиќ на плажа во Катар

    Ни ветрот не застана на патот на Надал и Ѓоковиќ, кои одиграа ревијален натпревар на плажа во Катар. Oваа средба е најава за АТП турнирот во Доха, кој започнува овој понеделник.

  • Тенис

    Федерер се „пофали“ со новиот рекет!

    Најтрофејниот тенисер на денешницата, Роџер Федерер, веќе е во Австралија каде се подготвува за првиот Грен слем турнир од оваа сезона. Тој ќе учествува на турнирот во Бризбејн, а на денешниот Интернационален ден на децата, кој е дел од програмата на овој турнир, ни приреди мало изненадување. Познато е дека на овој турнир, тенисерите ги претставуваат своите нови рекети за оваа сезона, па така и Федерер се „пофали“ со неговиот нов рекет.

  • Тенис

    Надал за час и половина го „збриша“ Раониќ за триумф во Абу Даби

    Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го освои егзибициониот турнир во Абу Даби, победувајќи го Канаѓанецот, Милош Раониќ со 2-0 (7-6/2, 6-3). 

Pages