• Саше Љолес

Новак Ѓоковиќ доби сериозен противник во четвртфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако Александар Зверев без поголеми проблеми обезбеди место меѓу најдобрите осум.
Германскиот тенисер во осминафиналето убедливо го совлада домашниот претставник Јунченг Шанг со 6-0, 6-3 и со тоа закажа новиот дуел со Ѓоковиќ.
Мечот меѓу српскиот и германскиот тенисер е закажан за утре од 13:00 часот. Досега одиграле 14 меѓусебни натпревари, а Ѓоковиќ има предност од 9-5 во победи.
Последната средба им беше минатата година во четвртфиналето на Ролан Гарос, кога Ѓоковиќ успеа да го совлада Зверев.
Турнирот во Пекинг се игра за вкупен награден фонд од 4.089.385 долари, а дуелот Ѓоковиќ - Зверев ќе биде еден од главните натпревари во четвртфиналната фаза.

