Зверев за олимпиското село: Немаше клима, јадењето беше лошо и не можевме да спиевме 

Александар Зверев не го одбрани златниот медал од Токио во Париз, па може да биде критичен кон годинешните Олимписки игри. Тој веќе замина од Франција во Канада каде настапува на Мастерсот во Монтреал, а неговите искуства во Париз не се позитивни.

„Олимпиското село не беше многу добро. Бев таму, како и сите други германски спортисти, бидејќи нашата Федерација не принуди на тоа. Не јадевме добро, а не спиевме ни добро. Немавме ни клима во собите, што ми беше тешко. Но, за сите беше исто, затоа не се жалам. Многу повеќе ми се допаднаа условите за престој во Токио, организацијата таму беше многу подобра“, рече Германецот.

Зверев се пожали на здравствени проблеми по четвртфиналниот пораз од Италијанецот Музети со 7-5, 7-5.