Зверев во Келн ја освои првата титула во 2020 година

Германскиот тенисер Александар Зверев дојде до првата титула во 2020 година на АТП-турнирот во Келн.

Фаворитот на хартија во финалето рутински го совлада канадскиот ас Феликс Оже-Алијаси, од кого беше подобар со 2-0 во сетови (6-3, 6-3). Во првиот сет клучен беше брејкот за 6-3, додека во решавачкиот сет Зверев направи еден брејк за 4-2.

Зверев во последните пет години освојуваше барем една АТП-титула во годината, па така го продолжи трендот и оваа година.