• Иван Димовски
Александар Зверев се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри, откако со 2-0 го совлада Алексеј Попирин со 2-0.
По точно час и половина германскиот тенисер се пласираше во следната фаза. Третиот носител на турнирот лесно го среди противникот од Австралија.
Првиот сет беше релативно израмнет, Попирин тргна со брејк во третиот гем, но во финишот Зверев дојде до два, пресврт и 7-5. Веќе во вториот сет Германецот тргна подобро, поведе со 3-0 и потоа тоа водство го одбрани до крајот (6-3).
Во четвртфиналето Зверев ќе игра против Лоренцо Мусети.