Зверев во четвртфиналето, Чилиќ елиминиран од турнирот во Келн

Зверев

Александер Зверев без проблеми го победи Фернандо Вердаско (6-4, 6-1) и се пласира во четвртфиналната фаза на турнирот во Келн.

Фаворитот не му даде шанса на Шпанецот и се задржа на теренот нешто повеќе од еден час. Негов следен противник ќе биде Лојд Џорџ Харис од Јужна Африка.

Лош ден имаше Марин Чилиќ кој загуби добиен меч против Алехандро Давидович Форина (3-6, 7-6/3, 6-2). Шпанскиот тенисер беше во негатива од еден сет и 2-0, но успеа да се врати и да направи изненадување.

Турнирот во Германија завршува в недела кога ќе биде познат освојувачот на титулата.